Контакт

Македонија

МВР објави оглас за 600 полицајци

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. На огласот се бараат полицајци за секторите за внатрешни работи во Скопје, Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип и Куманово како и за Регионалните центри за гранични работи – Север, Запад, Југ и Исток.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: потребна телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи, односно 165 сантиметри за жени и висока лична физичка подготвеност.

Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази: административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности, психолошки тест, писмено тестирање, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Јавниот оглас е објавен денеска на веб-страницата на МВР.

Македонија

Сончево и топло со температура до 35 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде претежно сончево сo слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18 а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде од 14 до 33 степени.

Следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Ги поддржуваме барањата на синдикатите за унапредување на правата на вработените во образованието

Објавено пред

Министерството за образование и наука соопшти дека ги поддржува барањата на синдикатите за унапредување на правата на вработените во образованието. Оттаму велат дека правото на работниците да се организираат преку синдикални организации и да го изразуваат незадоволството од одредени состојби, мерки и активности е уставно гарантирано.

„Јавноста знае дека минатата година платите на вработените во образованието од месец септември беа зголемени за 5%, додека следната фаза, односно следното покачување е предвидено веќе од следниот месец, со опфат на вработените во основното, средното и високото образование. 

Станува збор за реален и остварлив план кој е проектиран согласно буџетските можности. Планот, односно предвидените мерки беа презентирани пред синдикалните организации пред да започне нивната имплементација, за што синдикалните организации истакнаа позитивен став и барање овој позитивен тренд односно заложба за подобри услови и можности за работа да продолжи и во иднина, што секако е прифатено и се спроведува од институциите на системот“ се наведува во соопштението.

Дополнително, информираат дека континуирано се реализира процесот на трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време согласно доставените барања од страна на локалните самоуправи. Исто така додаваат дека континуирано се инвестира и во унапредувањето на образовната инфраструктура, а со цел обезбедување на подобри услови за образовниот процес на учениците, но и подобри услови за работа на наставниците.

„Веќе е усвоен целосно нов Закон за основно образование кој обезбедува повеќе права и можности за учениците и наставниците, како и Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, кој за прв пат им овозможува да напредуваат во звања и за тоа да добиваат повисоки лични примања. 

По однос на недостигот на кадар по предметите математика, хемија и физика, информираме дека Министерството за образование и наука ја има детектирано состојбата и во таа насока веќе неколку години се доделуваат стипендии во вредност од 18.000 денари на месечно ниво за студенти кои ќе се запишат на студиски програми од овие области, со цел обезбедување на кадар кој потоа ќе пренесува знаење на основците и средношколците“ објаснуваат од министерството. 

Оттаму уверуваат дека соработката и социјалниот дијалог со синдикалните организации ќе продолжи и во периодот што следи, преку инклузивен сеопфатен пристап во дефинирањето на сите следни мерки, проекти и активности кои директно ги тангираат вработените во образованието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градежни активности на булеварот Кочо Рацин и улицата Индира Ганди

Објавено пред

Екипи на Град Скопје, вечерва од 19 часот, почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар Кочо Рацин со улицата 11 Октомври (кај Црвен крст).

Градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град.Реконструкцијата на целиот булевар се очекува да заврши во текот на следната недела.

Поради градежни работи – изведување на прекопи од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“, улицата Индира Ганди денеска (17.08.2019 година, сабота) од 22 часот ќе биде затворена за сообраќај до 05 часот на 18.08.2019 (недела).

Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион44 минути

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет2 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет4 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион8 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ8 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет9 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет10 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет11 час

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура11 час

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија11 час

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија12 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија1 ден

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ1 ден

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија1 ден

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа2 дена

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Досие