Контакт

Македонија

МВР со акциска контрола во Тетово, санкционирани 27 пијани возачи

Објавено пред

Полицијата од Тетово, викендов во периодот од 22 до 4 часот, спровела акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возила под дејство на алкохол.

Констатирано е дека под дејство на алкохол биле 27 возачи (ТЕ-21 и ГВ-6) кои соодветно се санкционирани со мандатни платни налози и истите се исклучени од сообраќај со привремено одземање на возачката дозвола.

Од МВР велат дека констатирани се и 36 други прекршоци од други учесници во сообраќајот, кои се санкционирани со соодветни поднесоци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски од Неготино: Лозарите се во очајна ситуација

Објавено пред

Лозарите се во очајна ситуација поради условите кои што се предизвикани од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Неготино.

Тој се сретна со лозарите од овој крај, откако претходно оствари средби и со лозари од Кавадарци и Росоман.

„ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата ‘Oбнова за Македонија’ ќе предвиде решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми на лозарите овдека во Тиквешијата, а со самото тоа ќе го зголеми и квалитетот на нивниот живот“, рече Мицкоски.

Додаде дека имал можност да разговара со лозари од целата Тиквешија, без разлика на нивната политичка припадност или неопределеност.

„Сите оние политичарите кои што ги делат лозарите, а и земјоделците во Република Македонија на подобни и неподобни за власта мислам дека прават огромна грешка, а таа грешка ќе им се удри од главата на истите тие политичари веќе на следните предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците, ја почитува секоја капка пот на нивите во Република Македонија, а таа почит ќе ја преточи на лист хартија во програмата за Обнова на Македонија, а веднаш потоа во првите 100 дена од новата влада ќе се вклучи во решавање на истите тие проблеми“, додаде Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Колони возила и попладнево на Табановце, се чека до 45 минути за влез и излез од државата

Објавено пред

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Табановце каде времето на чекање е околу 30 до 45 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Објавено пред

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството.

Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан да даде исказ во понеделник, додека поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева треба да се појави на распит во вторник.

Пред три дена, судот ѝ го продолжи притворот на Јанева за 30 дена, а минатата недела нови 30 дена притвор добија и Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Вечерва нов земјотрес во Албанија

Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја стресе Албанија. Земјотресот е на длабочина од 30...

Регион10 часа

Десетици повредени во земјотресот во Албанија, граѓаните вознемирени истрчаа на улиците

Најмалку 49 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го стресе западниот дел од Албанија,...

Македонија12 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ13 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ13 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ16 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет18 часа

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет18 часа

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ18 часа

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ18 часа

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет20 часа

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија1 ден

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата1 ден

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 дена

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет2 дена

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет2 дена

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет2 дена

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Досие