Македонија
Меџити: Засадуваме нови 800 илјади садници на пет локации

Првиот заменик претседател, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска од општина Липково ја започна акцијата на садење на дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава.
Меџити по садењето на првото дрвце, изјави пред медиумите дека целта на акцијата е обновување на шумскиот фонд, заштитување на почвата од ерозија во близина на еден важен капитален стратешки објект, како што е Липковското Езеро, преку кој се обезбедува водоснабдување на оваа општина.
„Активноста се спроведува во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина -УНЕП“ изјави Меџити.
Информира дека ќе се засадат 800 илјади садници, во наредните 2 години, заедно со Јавното претпријатие ,,Национални Шуми” на пет локации во државата, во околината на Липковско Езеро, село Страчинци, Свети Николе, Демир Капија и Гевгелија.
Акцијата на засадување се реализира по повод 5 Декември, Светскиот ден на почвата, со цел пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени.
Меџити најави дека во тек е подготовката на Законот за заштита на почвата во Северна Македонија, а како следен чекор е отпочнување со подготовка на Стратегија за заштита на почвата, која ќе вклучува насоки за воспоставување програма за следење на квалитетот на почвата.
Денешната активност се спроведува во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведа од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.