Контакт

Македонија

Меџити: Набавуваме 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека ја утврди потребата за набавка на нови амбулантни возила за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија од причини што најголем број од возилата што се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани.

За таа цел, Министерството изготви и до Владата достави информација за давање согласност за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила. Овие возила ќе имаат надградена медицинска опрема за потребите на установите во државата, врз основа на која Владата даде согласност за набавка на 22 амбулантни возила со надградена медицинска опрема во согласност со извадок од нацрт-записникот од 180. владина седница одржана на 22 август 2023 година.

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, за новите амбулантни возила вели дека е најголемата набавка за итната помош во историјата.

„Набавуваме 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата. Со набавката на возилата и современата опрема, со која ќе бидат опремени амбулантните возила, ќе се овозможи преземање стручни медицински интервенции за стабилизирање на состојбата на пациентот и почнување и со иницијално лекување во зависност од видот на повредата и болеста поради која и е индициран повикот. Новите амбулантни возила ќе бидат опремени со надградена медицинска опрема“, истакнува Меџити.

Постапката за јавна набавка на 22 амбулантни возила со надградена медицинска опрема е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки на 5.12.2023 година, со оглас број 21959/2023. Во моментот постапката е во фаза на доставување понуди на економските оператори, а рокот за доставување истекува на 5.1.2024 година, велат од МЗ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава12 минути

Како гром од ведро небо: Неочекуваните вести ги менуваат животите на овие три хороскопски знаци

Ако мислевте дека сè е изгубено за вас, судбината можеби ве негира. Дознајте дали сте еден од „среќните добитници“. Некои...

Забава25 минути

Александра Пријовиќ во бикини што чини богатство: изгледа како бомба по второто породување

Српската пејачка Александра Пријовиќ повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат во центарот на вниманието беше луксузно...

Европа51 минута

(Видео) Етна го парализираше воздушниот сообраќај на Сицилија, илјадници патници се погодени

Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската...

Свет56 минути

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет60 минути

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа1 час

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...

Свет1 час

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава1 час

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава2 часа

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...