Македонија
„Мизерно е како СДС се препелка за случајот Онкологија, до сега требаше да има одговорност, а не да се чека 6 месеци“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Мизерно е како СДС се препелка за случајот Онкологија, до сега требаше да има одговорност, а не да се чека 6 месеци. Се што кажа ВМРО-ДПМНЕ за случајот Онкологија е потврдено од МВР и ЈО. Власта 6 години крадела од болните од рак“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ненад Коциќ.
„Наместо терапија, некои пациенти добивале физиолошки раствор, за луѓе блиски до СДС да заработуваат. Допрва ќе се одмотува клопчето околу Онкологија и за една омилена веледрогерија на власта.
Одговорност за сите криминали ќе има, особено брза ќе биде правдата за оние кои си поиграле со човечките животи и сакале да ќарат на нечие здравје или живот“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Крушево остана без вода поради дефекти
Поради неколку дефекти на водоводната мрежа водоснабдувањето во град Крушево ќе биде во прекин до решавање на проблемот.
„Утрово ни’ се случуваат три дефекти на водоводната мрежа и веднаш започнуваме со работа за да ги надминеме и да се обезбеди вообичаеното водоснабдување“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.
Македонија
ДУИ: За членови на советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен
„Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители. За член на советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити“, соопшти ДУИ.
„Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи.
Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет.
Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава“, додаваат од ДУИ.
Македонија
(Фото) Опожарено возило во Охрид
Ноќеска нешто по 01:30 ТППЕ Охрид извести дека примиле дојава за запалено возило во стариот дел на градот, на тешко пристапен терен.
„Апелираме граѓаните да ги паркираат своите возила на соодветни места како би овозможиле полесен пристап на возилата на ТППЕ и Брза Помош!“, велат од ТППЕ Охрид.