Македонија
Мила Царовска прогласена за „Жена на годината“
Денеска во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата „200 жени претприемачки”.Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.
Во продолжение следува листата со овогодинешните лауреати во изборот „Жена на годината”:
· Категорија „Жена на годината” – Мила Царовска, министер за труд и социјална политика;
· Категоријата „Жена со трајни вредности” – Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста „Браво Сине”
· Категорија „Жена менаџер на годината” – Викторија Механџиска, Зегин
· Категорија „Млада жена менаџер на годината” – Сања Лукаревска, УЈП
· Категорија „Странец жена менаџер на годината” – Рејчел Галовеј, амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија
· Категорија „Жена со најголеми достигнувања во културата” – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена Земја
· Категорија „Жена со најголеми достигнувања во спортот” – Сара Ристовска, ракомет
· Категорија „Жена со најголеми достигнувања за општеството” – Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
· Категорија „Жена со најдобар стил “ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
· Категорија „Инфлуенсерка на годината” – Лила Филиповска.
Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен слаб дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.
Скопје
Без струја дел од село Кондово
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај.
Прекинот ќе биде во период од 08:00 – 12:30 часот.
Скопје
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги информира граѓаните дека денеска поради промена на линиски затварач (Шибер) од ф 150мм на булеварот Јане Сандански бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булеварот Јане Сандански од бр.50 до бр.118 во општината Аеродром.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување.
Поради водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Петар Поп Арсов бр.53, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата Петар поп Арсов, улицата Теодосие Гологанов, улицата Костурски Херои, улицата Борка Талевски, улицата Христо Смилевски, улицата 9 Мај и дел од улицата Васил Стефановски во општина Центар, од 08:00 часот до завршување.