Македонија
Миленко Неделковски: Полиција ми дојде на врата за да ме апси
Новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес.
Тој на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ пред неколку часа напиша дека на врата му дошла полицијата за да го уапси.
„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат ‘покана’, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена. ‘Дудинка’, пак, ја маваат до ниво на поракава ‘овие стварно се решени да не ѝ дадат на страната да се вклучи’. Нека апсат. Македонија е поголема и од овој момент и од сите нас заедно. Смрт на фашизмот – слобода за народот“, напиша Неделковски.
Основното јавно обвинителство Скопје пред три дена поднесе обвинение против Неделковски поради ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет. Коментарот се однесува на смртоносните пожари што летово ја погодија Грција.
„Да сме на чисто. Ич не ги жалам. Да даде Господ милион пати да им е полошо. Живи гореле на Атика. Не ги жалам. Нив Бог ги пали, не јас. Они моите сонародници не ги жалеле иако не Бог ами Британците ги палеле. Така да, арно Бог ви прави. Живи ве гори. Сите до еден да изгорите“, гласеше коментарот за кој ОЈО го гони Неделковски.

Обвинителството претходно наведе дека имало увид и во дадените коментари од други лица кон објавениот текст на осомничениот, но притоа оценило дека од кривично-правен аспект постојат основи за постапување само против Неделковски бидејќи тој, врз основа на својот општествен статус и професијата што ја извршува, со објавата ги поттикнал останатите коментари во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

