Македонија
(Видео) Милошоски бара оставка од Заев и Димитров: „Лажните разговори се голем скандал“
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави дека разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните дипломати е сериозен дипломатски скандал.
Со ова, како што истакна Милошоски, нанесена е штета на Република Македонија, на репутацијата на надворешната политика, а нарушена е и довербата заради споделување информации.
„Димитров требал да го информира Заев како се разговара со дипломати, има протокол што го утврдува терминот за разговори и теми. Ваквото грубо кршење на протоколот е доволна причина за оставка на Заев, Димитров и Телевски. Ваков скандал досега се нема случено на ниту еден државник што се занимавал со меѓународни прашања“, изјави Милошоски.
Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) вчера на „Јутуб“ објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател Петро Порошенко разговараат со македонскиот премиер Зоран Заев. Премиерот во видеото со лажните дипломати разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

