Македонија
Милошоски: Нови избори заедно со локалните и откажување од платформата
Две реални и можни решенија има за излез од политичката криза во Македонија, а тоа се малцинска влада со јасно откажување од албанската платформа од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев или нови предвремени паралемнтарни избори заедно со локалните.
„Стабилноста и напредокот на Македонија ни се на прво место, истовремено со почитување на волјата на мнозинството ѓраѓани кои гласале на изборите“, рече по средбата на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Никола Груевски со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници, а ја соопшти Антонијо Милопоски.
Според него ВМРО-ДПМНЕ ја искористило средбата аргументирано да им предложи на партнерите од ЕУ дека има две реални и можни излезни решенија од оваа ситуација.
„Првото можно решение е Заев доколку сака да формира влада истата да не биде програмски уценувана со платформи од туѓи држави и јавно да се откаже и да ги отфрли туѓите платформи и во тој случај ќе може со една малцинска влада да се посвети на проекти кои граѓаните ги гласале на изборите. Иако СДСМ ги изгуби изборите сепак граѓаните гласале за тие проекти. И второто можно решение е организирање заеднички локални и парламентарни избори кои што би се случиле во следните неколку месеци. Бидејќи без разлика дали некој сака или не парламентарни избори јасно е дека локалните никој не може да ги одбегне и бидејќи ќе имаме локални избори дали за два, три или пет месеци цела држава ќе биде во една предизборна атмосфера. Во таква атмосфера тешко е да се работи на проекти кои би биле продуктивни и реформски ориентирани“, изјави Милошоски.
Како што рече Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со својата активност во Собарнието, во институциите на држава со цел, да се унапреди стабилноста на државата и да се зачува избирачката волја на мнозинството граѓани на Македонија и оваа држава да биде унитарна и мултуетничка, а не да создава структури на бинационална и федеративна држава.
Со средбата со Груевски Хан и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Флекенштајн ги завршија средбите со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
