Македонија
Министерката за одбрана се сретна со офицери на Армијата, кои се на школување во Бугарија

При денешната посета на Бугарија, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, оствари разговар со двајца високи офицери од Армијата на Република Северна Македонија, кои во моментот се дел од Школата за национална одбрана и Командно-штабната академија на софиската Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“.
„Ние остануваме силно посветени на развојот на човечкиот потенцијал во одбраната и во Армијата зашто вие сте нашиот најголем ресурс. Ќе продолжиме да инвестираме во индивидуалниот капацитет на сите армиски припадници и дома и во сојузничките земји зашто тоа е најдобриот начин за воспоставување блиски меѓусебни контакти на индивидуално ниво како офицери на сојузнички армии“, рече министерката на средбата.
Полковникот Сибиновиќ и потполковникот Стоименовски се заблагодарија за средбата и можноста да поразговараат со министерката за една од темите која е најважна во одбранбениот сектор – континуираното воено образование и усовршувањето, информираат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на Ковид-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.
Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице .
Направени се 1.254 тестови преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-28, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–117, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-29, Биотек-106, Систина-49, лабораторија Лаор-7, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност-8, Генеа-8, Никоб лаб-37, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-14, Ројал медика–0, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 462.
Досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.794, бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 148706, Активни 624
Куманово 16789, Активни 54
Битола 15854, Активни 71
Прилеп 14285, Активни 38
Тетово 13548, Активни 33
Кавадарци 10767, Активни 36
Велес 9863, Активни 43
Гостивар 9638, Активни 18
Охрид 9048, Активни 76
Штип 8130, Активни 29
Струмица 8116, Активни 20
Кичево 5673, Активни 9
Кочани 5128, Активни 20
Струга 4744, Активни 9
Гевгелија 4432, Активни 5
Неготино 3717, Активни 7
Ресен 2761, Активни 2
Свети Николе 2642, Активни 1
Радовиш 2539, Активни 7
Крива Паланка 2421, Активни 2
Делчево 1992, Активни 6
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1684, Активни 3
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1399, Активни 3
Пробиштип 1271, Активни 2
Богданци 1025, Активни 2
Кратово 969, Активни 0
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 837, Активни 1
Македонски Брод 744, Активни 1
Демир Капија 595, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0
Македонија
(Видео) Ковачки: Ултиматум, не благодарам, народот кажува дека францускиот предлог е неприфатлив

Предлогот кој владата на Ковачевски го прифаќа е неприфатлив за Македонија. Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека овој предлог за почеток на преговори е штетен за Македонија и води кон две сценарија, кое од кое полошо за државата, едното е вечно преговарање, а второто е асимилација по диктат на Бугарија, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој предлог, како што вели Ковачки, преставува ултиматум кој во себе ги содржи сите бугарски барања.
„Тоа коешто владата се обидува да го протне како голем успех е всушност голема дипломатска катастрофа. Рамката во себе содржи протоколи или ако сакате годишни извештаи преку кои Бугарија ќе има директно влијание и учество во менувањето на учебници, споменици, ќе влијае кон менување на историски факти за настани и ликови кои директно задираат не само во македонската историја, туку и во македонскиот идентитет. Ова се понижувачки и недостоинствени позиции за Македонија. Друг да диктира лекции во учебниците, друг да диктира измени на Устав, друг да диктира дали некоја критика е говор на омраза или не. Понижување и порази“, вели Ковачки.
Очекуваме, додава тој, Владата да се вразуми.
„Десетици илјади граѓани секој ден јасно и гласно кажуваат ултиматум, Не благодарам. Владата треба да го послуша гласот на народот, а не да оди спротивно на неговата волја. ВМРО-ДПМНЕ стои зад овој став на граѓаните и затоа бара Ковачевски да ги прифати четирите суштински измени на предлогот, да прифати широка дебата преку работни групи во кои ќе се слушнат сите мислења и да се изгради заеднички национален став“, потенцира Ковачки.
„ВМРО-ДПМНЕ повторно ги повикува граѓаните и денес во 19 часот мирно, достоинствено и масовно да го искажат својот глас против ултиматумот. Во 19 часот ќе се собереме пред Владата и ќе маршираме кон Министерството за надворешни работи, институцијата која е одговорна за овој дипломатски пораз, а потоа ќе се упатиме до пред Собранието на Република Македонија каде што ќе го изразиме уште еднаш нашиот став против. Народот кажа ултиматум, не благодарам. Ковачевски и Владата треба да кажат дали стојат со или против својот народ“, потенцира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
Македонија
Ковачевски-Мишел: Предлогот предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици членки на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
На средбата премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Шарл Мишел потенцираа дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот. Предлогот, истакнаа премиерот Ковачевски и претседателот Шарл Мишел, предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ.
На средбата од страна на претседателот на Европскиот совет Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија, посочувајќи дека ова се клучни моменти за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.
Премиерот Ковачевски истакна дека поддршката на Европската Унија во процесот на интеграција на Северна Македонија, е од особено значење за државата во исполнувањето на основата стратешка цел, а тоа полноправното членство во ЕУ.
При тоа Ковачевски на средбата потенцираше дека во изминатите денови предлогот од француското претседателство беше дискутиран на консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите, како и со опозициските партии.
Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет Мишел ќе присуствува на денешната владина седница, а потоа со премиерот Ковачевски ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми.