Контакт

Македонија

Министерката за труд и социјална политика ги критикува условите во Специјалниот завод-Демир Капија

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ја посети јавната установа Специјален завод -Демир Капија. Таа кажа дека условите во установата се нехумани и нечовечни.

„За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме молерисани ѕидови, додека  водоводната и електричната инсталација сѐ уште се од ’56 , односно ’58 година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе. Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден негувател”, изјави Мизрахи.

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Таа рече дека ќе се заложи оваа состојба да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа, нега и пред сèчовечни услови за живот бидејќи секој заслужува да има пристоен живот.

Македонија

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Објавено пред

Поранешни вработени во фабриката „ОХИС“ тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива, како остаток од работењето на некогашниот дел од погонот електролиза.

Тие го актуелизираа ова прашање на дебатата во Општина Кисела вода на која се одржа трибина за дислоцирање на опасни хемикалии од „ОХИС“.

Ефтим Мајсторовски, пензиониран работник од фабриката, изјави дека имало студија уште во 2009 година која покажала дека живата ја има во кругот на фабрика, а не била исклучена можноста таа понирала во земјата и во подземните води.

Посочи дека дилемата дали се уште постои во кругот на фабриката, треба да ги дадат анализите на надлежните институции.

„Како резултат на истражувањата кои беа направени тогаш , знаеме дека живина технологија се користеше во објектот електролиза и под тој погон во земјата постои можност да ја има под целиот овој објект.Анализите покажаа дека живата мигрирала во подлабоките слоеви на почвата подлабоко од 20 метри но и надвор од погонот. Во таа студија беше посочено дека постои опасност да биде зафатено земјиштето, се до кејот на Вардар, а земјата загадена и непогодна за земјоделски култури“, рече Мајсторовски.

Според стечајниот управник на фабриката Маринко Саздовски во кругот на ОХИС немало жива како опасна материја за отстранување.

„Според документацијата што ја попишав , дојдов до податок дека има жива како опасна материја за уништување, освен наведените 11 хемикалии кои ги отстранува фирмата „Еко центар 97“. Тоа е што јас го имам како податок“, рече Сзадовски.

Присутните во салата не беа задоволни од одговорот и довикува „Има жива како нема жива“ молчат , не кажуваат. Беше прозвана и фирмата Еко- центар, која ја доби концесијата да го исчисти опасниот отпад од кругот на ОХИС. Но, нивниот преставник потврди дека во проектот за отсранување на штетни хемикалии ова материја ја нема на списокот.

„Во мојот проект не постои и не сум надлежен за таа материја“, одговори кусо Владо Момировски од „Еко-Центар 97“.

Вработениете го тврдеа спротивното. Ги повикаа надлежните институции да направат анализа околу неколку погони во кругот на фабриката, посочувајќи дека постои опасност од еколошка катастрофа. На дебатата што ја организираше Општина Кисела вода, немаше претставник од министерството за екологија, иако претходно беше најавено присуството на заменик министерот Јани Макрадули.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска во Полска: Владата има цврста определба да се сочува вистината за холокаустот

Објавено пред

Во присуство на преживеаните од нацистичкиот концентрационен логор „Аушвиц-Биркенау“ и стотици официјални лица од многу држави во Европа и светот, денес на местото на поранешниот логор во Република Полска беше одбележан Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, кој со одлука на Генералното собрание на ООН е утврден да се одбележува на 27 јануари.

На комеморацијата со која се одбележа 75-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор „Аушвиц-Биркенау“, а на која свое обраќање имаше и претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, присуствуваше и официјална делегација од земјава, предводена од вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, а придружувана од претставник на Еврејската заедница од нашата земја.

По обраќањето на лретседателот Дуда, главното обраќање на комеморацијата го имаа преживеаните лица од Аушвиц, кои ги раскажаа горчливите искуства и повикаа на разум вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат.

Министерката Царовска рече дека оваа огромна човечка трагедија е врежана во нашата колективна меморија.

„Со одбележувањето на овој ден се потсетуваме на сите жртви на холокаустот, а помеѓу нив се над 7.000 Евреи од Скопје, Битола и од Штип, кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка. Оваа огромна човечка трагедија е врежана во нашата колективна меморија, нè потсетува дека не смееме да дозволиме никогаш повеќе да се повтори. Токму затоа Владата на Република Северна Македонија посветено работи и има цврста определба на сочувувањето на сеќавањата и вистината за холокаустот. Се бориме и ќе продолжиме да дејствуваме против каков било вид дискриминација, спречување на говорот на омраза, превенирање и спречување на расизмот и на сите други форми на кршење на човековите права“, истакна Царовска по одржаната комеморација за изгубените човечки животи во концентрациониот логор.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев на средба со граѓани: Им го вративме достоинството на земјоделците

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше во посета на општина Кисела Вода, каде што се сретна со граѓани од населбата Драчево.

На средбата Заев се запозна со нивните проблеми и разговараше за можните и ефикасни решенија кои се во интерес на граѓаните и го засегаат нивното секојдневие.

Меѓу другото, Заев се сретна и со пазарџиите на пазарот во Драчево, со кои разговараше за економските политики на Владата на СДСМ, кои, како што рече, овозможуваат подобри услови за работа и можности на раст на нивните микробизниси.

„Во две и пол години мандат како Влада презедовме сериозни чекори, кои го унапредуваат земјоделството и им го враќаат достоинството на земјоделците. Преку партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците за откупот на земјоделските производи, откупот денес е навремен и целосен, а цените на производите растат. Тоа е важно не само за земјоделците туку и за пазарџиите, кои преку оваа чесна и почитувана професија се активни учесници во нашата економија“, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ ја посети и точката на која е почната реконструкцијата на патот кон локалитетот Три Круши во времето додека ја предводеше Владата на СДСМ, а е реализирана со средства од инвестиции од Општината и државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката „ОХИС“ тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива, како остаток од работењето на некогашниот...

Топ3 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија3 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија5 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија6 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија7 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија7 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија7 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија7 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет7 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија8 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија9 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет10 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет10 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет10 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет11 час

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет11 час

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет12 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт20 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт22 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Досие