Контакт

Дијаспора

Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Објавено пред

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на печалбарската средба што се одржа во Ростуше, нагласи дека големиот број печалбари во општина Маврово-Ростуше даваат голем продонес во развојот на оваа рурална општина.

dobivaj vesti na viber

„Во последно време расте и бројот на печалбарите што инвестираат во родниот крај. Владата на Македонија им дава силна подршка на сите оние печалбари што ќе инвестираат во својата татковина“, рече Адеми.

Тој ги повика печалбарите да дадат свој прилог со своето учество на референдумот, кој ќе се одржи на 3о септември.

„Ние имаме вредна дијаспора која е свесна за големото значење на референдумот и иднината на Македонија“, рече Адеми.

Преставниците на здруженијата на печалбарите од оваа општина во Италија, Германија и другите земји на ЕУ најавија учество на референдумот.

Градоначалникот Медат Куртоски пред печалбарите истакна дека локалната власт ги презема сите активности да ги задоволи потребите на печалбарите за време на нивниот престој во родниот крај.

„Средствата на печалбарите се од огромно значење за жителите од овој западен регион на Македонија“, истакна Куртоски и додаде дека расте бројот на печалбарите што инвестираат во родниот крај.

Според неофицјални податоци, над 65 насто од населението на општината Маврово-Ростуше е на печалба во земјите на ЕУ.

К. М.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци

Објавено пред

Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.

dobivaj vesti na viber

Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Кривична за Самка Ибраимовски поради закани кон уставен судија преку „Фејсбук“

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник доби кривична пријава поради закани кон уставен судија. Министерството за внатрешни работи...

Свет32 минути

Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е избран за нов генерален секретар на НАТО. Северноатлантскиот совет одлучи во средата на...

Македонија1 час

Радев: Паднаа маските, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарскo“

Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е...

Македонија2 часа

Надлежните бараат решение, по зголемениот број на пријави за змии во државата

Вчера во Центарот за управување со кризи, директорот Стојанче Ангелов, одржа Координативниот состанок на тема “Загрозување по животот и здравјето...

Македонија2 часа

Хоџа по смената на директорката на Токсикологија: Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите

Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Аријанит Хоџа со реакција по разрешувањето на економската директорка...

Македонија3 часа

ЦУК: Невреме и штети во Светиниколско и Неготинско

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.281 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во...

Свет3 часа

(Видео) Џулијан Асанж е на слобода, стави крај на долгогодишната правна битка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американскиот суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа...

Свет3 часа

(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо,...

Свет4 часа

За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана

Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една...

Македонија16 часа

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика...

Регион17 часа

(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и...

Топ20 часа

Осуденик во затворот „Идризово“ до смрт претепал друг затвореник: ОЈО нареди истрага за случајот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од...

Македонија22 часа

Таравари ја разреши директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, разрешени и други директори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, по најавите...

Економија22 часа

Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија

Ветерен парк со 55 ветерници, кои ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија, ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш....

Македонија24 часа

Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд...

Македонија1 ден

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира. Од Центарот за управување со...

Македонија1 ден

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да...

Свет1 ден

Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност „Белмарш“ во Велика Британија откако таму помина 1.901 ден. Високиот...

Македонија1 ден

Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП „Комуна“ – Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

При работа на канал екипите на ЈП „Комуна“ – Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа. Од тука информираа дека...

Македонија1 ден

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии...