Контакт

Македонија

Министерот Османи ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Република Србија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја прими новоименуванта вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Србија, Невена Јовановиќ, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

dobivaj vesti na viber

Министерот Османи на амбасадорката Јовановиќ ѝ изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе бидат вложени напори односите да бидат збогатени со нови содржини од заемен интерес.

Покрај редовниот политички дијалог и меѓусебни консултации, во функција на надградба и продлабочување на добрососедските односи, се очекува приоритет да биде ставен на економската соработка и конкретните билатерални и регионални проекти, како инфраструктурното поврзување и отворањето на нови гранични премини, со цел олеснување на севкупната размена и комуникација меѓу двете пријателски земји, информираат од кабинетот на Османи.

Министерот Османи ја повторил благодарноста за помошта од Србија за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата од Ковид-19 и справувањето со последиците од истата.

Македонија

Ахмети: Заедно во НАТО, заедно и во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети заедно со соработниците вечерва се сретна со жени од Тетово во организација на Унијататa на жени на ДУИ од тој град.

dobivaj vesti na viber

Покрај Ахмети, обраќање имаа и потпретседателката на ДУИ, Арбана Пашоли, генералниот секретар Фатон Ахмети, пратеничките Рина Ајдари и Фиснике Бектеши-Шаќири, како и претседателката на Унијата на жени во Тетово, Мерита Мустафаи.

„Јас сум на мислење дека мажите и жените заедно се избориле за да има мир, затоа застапеноста на жените треба да биде што поголема и да не се базира само на тие пропорционални поделби што се напишани. Многу теории се напишани и кажани, како нпр. на Чубриловиќ, кои велеа дека треба да се убиваат мајки Албанки, а не само синови и сопрузи, затоа што овие мајки родиле херои кои биле причина за неуспехот на нашите освојувачи. Поминавме низ различни режими, од она што албанската жена останува во темница, многу зборови од типот: Не ги воспитувајте оти излегува од иманот(вербата), убивајте жени и многу слични работи, па нашата нација доживеа безмилосни режими на нејзините раменици. Значи, мажите и жените рамо до рамо, имаме обврска да работиме и да се бориме за жените со еднакви права како што ви одговара. Не водиме кампања, но немањето средби е забележано уште од времето на пандемијата, па се враќаме на традиционалните средби“ рече Ахмети.

Тој напомена дека „се наоѓаме во ситуација кога се бара решение, како што имавме проблем со името, сега имаме и со уставните измени, така и општеството на нашите сограѓани стана многу политизирано. Македонските публицисти пишуваат писма како да не сум за поддршка на моите сограѓани“.

„Грешат, затоа што јас ги поддржував и ги поддржувам, затоа што во НАТО не сме поделени туку заедно, во ЕУ ќе бидеме заедно, затоа мора заедно да ги решаваме проблемите. Имам разговарано и за историските проблеми со нашите политички партии, кажав да размислите и да направите научна проценка на состојбите, бидејќи ништо не се изгуби ниту од Охридскиот договор, ниту од Договорот од Преспа, напротив, добивме членство во НАТО, значи со договорот со Бугарија ништо не губиме, напротив го легитимираме идентитетот на нашите сограѓани. Со членството во ЕУ победуваме, бидејќи создаваме услови да ја запреме миграцијата и да ги вратиме нашите луѓе кои заминаа. Досега одржавме многу средби во рамките на оваа агенда, дадовме и добивме мислења од многу луѓе, но можам да кажам дека направивме многу голема работа, бидејќи денес имате Албанци на водечки позиции, на позиции со целосна одговорност“ рече лидерот на ДУИ.

Потпретседателка на партијата, Пашоли напомена дека „професионалното усовршување бара максимална посветеност, ние сме жени, сестри и пријатели, но сме и глава на семејства и професионалци во нашите професии. Ние сме во состојба да им дадеме пример на помладите генерации. Првите модели од кои се школува една девојка се најблиските жени во семејството, соработничките и пријателите, затоа верувам дека секој наш успех не е случаен, бидејќи тоа е влијанието на секоја жена во нашите животи“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитриевски со српскиот министер за одбрана Вучевиќ на одбележување на Свети Сава во училиште во Кумановско

Објавено пред

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во рамки на одбележувањето на Денот на Свети Сава, националниот празник на Србите кои живеат во Македонија, денеска во ООУ „Карпош“ – с. Умин Дол, беше домаќин на високи државни претставници од Република Србија, потпретседателот на Влада и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ со неговата делегација и амбасадор на Република Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ.

dobivaj vesti na viber

Учениците заедно со своите наставници приредија пригодна културно – уметничка програма во духот на православниот просветител и закрилник на српскиот народ, Св.Сава, пред гостите од соседна Србија.

На задоволство на учениците и нивните наставници гостите присуствуваа на наставен час, каде низ дружење и разговор се запознаа со начинот на изведување на наставата на српски јазик и условите во училиштето кое што беше целосно реконструирано.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Премиерот на Апасиев му читаше дефиниција за параноја, лидерот на Левица возврати со цитат од филозоф

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Димитар Апасиев му цитираше дефиниција од „Википедија“ за тоа што е паранонија.

dobivaj vesti na viber

Апасиев пак му возврати со цитат од антички филозоф и му се заблагодари за дијагнозата која му ја дал. Ова дојде откако Апасиев упати прашање до премиерот:

„Дали Македонија односно безбедносните служби го користат шпионскиот софтвер ‘пегасус’ кој од неодамна има извештај во ЕУ дека го користеле 14 земји членки и кој што се користи за компромитирање на политички неистомисленици – се влегува во нивните мобилни телефони, лаптопи, се вадат материјали, потоа се следат новинари, судии, обвинители, се компормитираат за да преземат или непреземат одредени дејствија?“.

На ова, одговор даде премиерот Ковачевски кој рече:

„Лично нешто што сакам да ви кажам, во ваш стил, а тоа е дека: Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси“, кажа Ковачевски по што додаде: „Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Ви благодарам“.

Возврати пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

„Премиере Ви благодарам на дијагнозата. Епиктет (антички филозоф) во еден свој прирачник вели: „Кога за Вас кажуваат лоши работи, немојте да се обидувате да се браните туку речете им на вашите непријатели дека само толку ли знаете, па уште кога ќе дознаете уште повеќе кај ќе ви биде крајот“. Јас ги разбирам вашите напишани панаѓирици во одбрана на безбедносните служби кои ги злоупотребувате за пресметка со вашите политички непријатели – но не се надевав дека на прашање кое не го знаете вие ќе излезете со напишан говор во кој ќе ми дадете дијагноза. Веројатно вие сте го виделе спикерскиот лист на говорница, па сте рекле: „Аа па ќе си спремам една дијагноза“. Јас предавам историја на право, па знаете Атињаните кога отишле кај Спартанците и такви благоглаголиви со напишани говори како Вас, Спартанците биле практични луѓе и рекле: „Абе ние крајот не го разбравме оти почетокот го заборавивме“. Па така и вие. Јас за едно Ве прашувам, вие за десетто ми одговарате. Прашањето беше за „Пегасус“, дали користите шпиунски софтвер, Вие ми мешате молотови коктели, дијагнози, баби и жаби“.

Апасиев не беше задоволен од одговорот, па допраша: „Како тогаш нѐ прислушувате, со кои софтвери, преку кои структури, преку комбиња ли, како?“.

„АНБ не користи ‘Пегасус спај веар’ софтвер. За целата работа на АНБ како пратеник, можете да се информирате преку комисијата за надзор на безбедносните служби која ја води пратеник од опозицијата и ги има на располагање сите директори на безбедносните служби. И да повторам уште еднаш: „Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси. Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност“, повторно одговори Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Курти: На Косово нема српски општини

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека на Косово нема српски општини и дека договорот за формирање Заедница на српски...

Свет8 часа

Претседателот на Израел ја повика ЕУ да го искорени антисемитизмот

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави денеска дека антисемитизмот е во пораст во западниот свет и апелираше до Европската унија да...

Македонија11 часа

Градоначалникот на Крива Паланка, кој удри полицаец, заработи прекршочна пријава

Случајот со боксовите од градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски, кон полицаецот Кристофер Стоевски стигна и на седницата за пратенички...

Македонија13 часа

Мицкоски: За да останат на власт, отстапија и прифатија сè, невозможно ќе биде да се исправат нивните грешки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека тоа што се случува со Бугарија е нешто за што како партија предупредувале...

Македонија14 часа

„Повлекувањето на амбасадорот во Софија е неосновано“ – Османи смета дека Бугарија потклекнува на провокации

Бујар Османи, министер за надворешни работи, изрази жалење оти Бугарија го повлече амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов. Смета дека тоа...

Култура14 часа

Арсовска: Со ревизија откриени 250 незаконски договори во МКЦ, шанкери добивале 750 евра месечно

Лаги и манипулации се обвинувањата за директорската смена и за кратењето на буџетот на Младинскиот културен центар (МКЦ), вели градоначалничката...

Македонија16 часа

ЦУК: Стабилна е состојбата со излевањето на Вардар во Зелениково и во Велешко, но опасноста не е надмината

Состојбата во Зелениково и во Велешко е стабилна и излевањето на реката Вардар е стопирано, информираа утрово од Центарот за...

Топ16 часа

Скопјанец викнал жена на кафе и почнал да ја допира, го одбила, па ја истепал и ја заклучил

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела тешка телесна повреда од член 131 став 1...

Регион16 часа

Лајчак: Во Приштина согласност за спроведување на сите договори со Белград

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по вчерашната ненајавена посета на Приштина, соопшти...

Македонија17 часа

Милков: Не можеме да го прифатиме наративот дека Пендиков бил дилер

Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот со Пендиков и тие се веќе во тек. Ова за БТВ го...

Свет17 часа

(Видео) Зеленски: Немам интерес да се сретнам со Путин, тој е никој за мене

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за „Скај њуз“ изјави дека не е заинтересиран да се сретне со Владимир Путин за мировни...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесе нова блокада

Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, прифатија сè што бараше Бугарија,...

Свет18 часа

Путин: Ние сме гарант на уставниот поредок на Австрија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американските трупи во Германија сè уште се окупаторски сили и во правна смисла...

Свет18 часа

Американски генерал: Најновото оружје што Украина ќе го добие од САД ќе предизвика паника во руските редови

Пензионираниот американски генерал-полковник Бен Хоџис во средата изјави дека оружјето што САД наводно набргу ќе ѝ го обезбедат на Украина...

Свет18 часа

Канаѓанка се обидела да го отруе Трамп: Ги уништуваш САД и ги водиш до катастрофа

Паскале Сесил Вероник Фериер, жена со француско и канадско државјанство, денеска се изјасни за виновна за испраќање писма со отров...

Свет19 часа

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во Нигерија

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија, а многу други се повредени, изјави владин претставник. Инцидентот...

Македонија1 ден

Бугарија го повлече амбасадорот и ги замрзнува сите меѓудржавни проекти со Македонија

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов останува во Софија се’ додека, според бугарските власти, не се случи вистинска промена, а...

Македонија1 ден

МНР: Безбедносните органи да донесат одлука за ограничување на пристапот на Џамбаски

Министерството за надворешни работи реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и...

Топ1 ден

Пензионер почина по удар од автомобил во Куманово – возачот побегнал, па бил пронајден

Седумдесетгодишник од Куманово почина во сообраќајна несреќа. Според информациите од полицијата, тој управувајќи велосипед бил прегазен од автомобил чијшто возач...

Македонија1 ден

Уставниот суд ја укина одлуката за спорниот ДУП во Центар кој ги опфаќа и парцелите на Водно

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на општина...