Македонија
Министерство за здравство: Со давање на лажни податоци се доведувате во опасност себеси и најблиските
Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.
Посебно се апелира сите граѓани да им даваат на надлежните институции вистинити и точни информации, а од МВР се бара поинтензивно да врши контроли на терен.
„Сите, без исклучок, мора да се придржуваат до препораките и целосно и вистинито да им ги даваат на надлежните сите информации. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од болеста, напротив така се доведуваат во голема опасност и себеси и најблиските. Апелирам уште еднаш до МВР поинтензивно да се вршат контроли на терен“, посочи Филипче на вчерашната прес-конференција.
Здравствените власти нагласуваат дека почитувањето на мерките ќе овозможи побрз излез од здравствената криза.
„Да се воздржиме од групирање и да ја одржуваме потребната дистанца. Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често и да ги дезинфицираме рацете. Да бидеме внимателни. Да го заштитиме личното, но и колективното здравје“, повикуваат од ресорното министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

