Македонија
Мини дипломатска офанзива на Мицкоски – од Орбан и Јанша ќе бара помош за блокираната европска перспектива
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денеска замина во мини дипломатска офанзива кај сестринските партии во регионот и Европа, информираат од опозициската парија.
Од таму додаваат дека Мицкоски ќе оствари средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, и со словенечкиот премиер, Јанес Јанша.
„Мицкоски веќе рече дека секоја средба има своја цел посочувајќи дека како една од темите на која ќе се разговара на средбите е токму блокираната европска перспектива на Република Македонија, како и за можноста Унгарија и Словенија да помогнат за придвижување кон европската иднина“, се посочува во партиското соопштение.
„Независно што ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, сметам дека треба да се искористи целиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на договорот за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли бога да не се дознае. Втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите што можеме да ги отвориме и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ“, изјави Мицкоски пред планираните посети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Арсовска никако да сфати дека никој не и верува, граѓаните јасно и дадоа црвен картон, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Данела Арсовска не само што неуспешно се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува. Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.
„Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.
Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.
Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што 500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.
Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.
Ова што го прави Арсовска е само драматизација. Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје
Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини
Општина Ѓорче Петров продолжува со сериозни напори за зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено на критични точки во населените места. Во изминатите денови, општината постави безбедносни столбчиња на најризичните локации во населбата, со цел да се намали опасноста од несреќи, како и да се подобри протокот на возила и пешаци.
Овие столбчиња имаат за цел да го спречат нелегалното паркирање на возила и да создадат безбедна зона за пешаците, посебно на оние места каде што има интензивен сообраќај.
Во исто време, се изврши и бележење на пешачките премини на повеќе локации низ општината, што е од особена важност за безбедноста на пешаците, особено на местата каде што децата, учениците и родителите се најчесто присутни. Одбележувањето на овие премини ја зголемува видливоста и ја намалува можноста за несреќи со возила.
Во наредните денови, општината ќе продолжи со уште една значајна мерка – поставување на т.н. „легнати полицајци“ или успорувачи на брзина на локации со голема фреквенција на луѓе. Овие т.н.„легнати полицајци“ ќе бидат поставени пред училиштата, градинките и на други фреквентни локации во општината.
Оваа мерка има за цел да го намали брзото возење и да обезбеди поголема безбедност за најмладите и сите граѓани кои се движат низ овие делови од населбата.
Општина Ѓорче Петров во континуитет работи на подобрување на инфраструктурата и безбедноста на своите жители, вложувајќи во мерки кои ќе ја зголемат сигурноста на сите учесници во сообраќајот. Овие нови мерки се само дел од пошироките напори за создавање на побезбедни и поудобни услови за живеење.
Македонија
Меџити: Нема да се изгради базата за асфалт во Визбегово
Реакциите на граѓаните за стопирање на изградбата на базата за асфалт во Визбегово не останаа нечувствителни како во претходните случаи. Сега, со Меџити на чело на Министерството за животна средина, овој проект ќе биде стопиран, бидејќи е потврдено дека ќе го загрози здравјето на граѓаните и животната средина, велат од ВЛЕН.
Првиот заменик премиер и министер за животна средина, Изет Меџити, соопшти дека, како што ветиле пред изборите, базата за асфалт во Визбегово нема да се изгради.
Меџити изјави дека вчера ја посетил Индустриската зона Визбегово, каде што се сретнал со претпријемачи од оваа скопска зона.
„Заедно разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат, како што се проблемите со патот и пристапот до областа, како и за главното прашање што го покренаа граѓаните и бизнисите во знак на протест: планираната изградба на Асфалтната база. Го зацврстив нашиот став дека ги слушаме граѓаните и стопанствениците и ги информирав дека ја укинавме одлуката за изградба на асфалтна база во оваа индустриска зона. Оваа одлука е донесена земајќи ги предвид нивните аргументи кои ја нагласуваат штетата што таквата активност би ја донела за здравјето и животната средина. Ги поддржуваме бизнисите, но не по цена на здравјето и природата“, напиша Меџити.