Македонија
(Видео) Минов условува: Северна Македонија да биде по зачленувањето, власта и опозицијата да се обединат за ова
Ако е условен влезот во ЕУ и НАТО, ние да условиме прифаќање на името Северна Македонија да биде по нашето зачленување во ЕУ и НАТО, изјави денеска од собраниската говорница Панчо Минов, пратеник од ГРОМ.
Предлозите за одложена промена на името по влезот во ЕУ и НАТО да бидат основа за договор меѓу власта и опозоцијата, предлага пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов. Тој побара премиерот и министерот за надворешни работи да се изјаснат, а потоа врз основа на овие предлози да најдат заедничко решение.
„Прифаќање на промената на уставното име за внатрешна употреба да важи по финализирањето на преговорите со ЕУ за зачленување. Прифаќајќи го амандманот за промена на името, неговата меѓународна употреба да важи по зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ“, изјави Минов.
Со ова, мислам дека, од една страна ќе извршиме имплементација на спогодбата со Грција, а од друга страна, додава Минов, ќе ја условиме примената на уставното име со нашето зачленување во НАТО и ЕУ.
Предлагам ако ова се прифати, ова да го предложи опозицијата. Таквиот предлог треба да биде основа за преговарање на позицијата и опозицијата на лидерско ниво, вели пратеникот од ГРОМ.
Сакам да потенцирам дека ние треба како претставници од граѓаните да тргнеме од нив. Определбата за ЕУ и НАТО не е спорна, вели Минов и додава проблемот е промената на уставното име. Во изнаоѓање на решението за овој проблем, лично сметам дека треба да пристапиме кон изнаоѓање решение што ќе значи дека условеноста од Грција да се задоволи, а во Парламентот да се однесуваме согласно волјата на граѓаните, порача Минов од Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

