Македонија
Митко Јанчев донира 10.000 евра за лекување на младиот Бошко
„Никола Јанчев“ – семејната фондација на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, донира 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов од Кавадарци кому му е дијагностициран канцер.
Уште од првиот ден од објавата за Бошко и потребата за негово лекување, Јанчев стапил во контакт со неговото семејството.
„Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од сè срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што посбргу“, вели Јанчев за донацијата.
Градоначалникот најави и дека преку Општина Кавадарци ќе се организираат за да се соберат и дополнителните средства, кои се потребни за понатамошно лекување.
„Некои работи не се толку едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму“, порача Јанчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Малолетници нападнале врсник во автобус на ЈСП
Малолетник синоќа бил нападнат од двајца други малолетници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
„На 21 септември во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.
Македонија
Без струја утре делови од општина Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.
Македонија
Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.
Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка која, како што се нагласува, е се поважна за човековиот опстанок, но е тешко да се постигне во атмосфера на недоверба, користејќи застарени структури кои повеќе не ги одразуваат денешните политички и економски реалности.
Во фокусот на Нацрт-пактот се човековите права, родот и одржливиот развој во сите поглавја. Содржи поглавја за одржлив развој и финансирање за развој, меѓународен мир и безбедност, наука, технологија и иновации и дигитална соработка, младите и идните генерации и трансформирање на глобалното владеење. Меѓудругото, се бара земјите членки да се согласат и за реформи што се однесуваат на Советот за безбедност, но тоа најверојатно нема да се случи.
На Самитот треба да бидат усвоени и Декларација за идните генерации и Глобален Дигитален договор.