Македонија
Митрески: Судиите што намерно ќе застарат предмети по автоматизам ќе бидат разрешувани
СДСМ е решен да обезбеди правда за сите, изјави пратеникот од СДСМ, Јован Митрески. Тој најави дека по формирањето на новата Влада, ќе преземат низа мерки во контекст на надлежностите на извршната и законодавната власт, со цел да се уверат дека патот на судиите и јавните обвинители кон правдата и кон независното постапување е целосно отворен.
„Законот за Јавното обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница. Судиите што намерно ќе застарат предмети, како што имаме случаи во Врховниот суд, по автоматизам ќе бидат разрешувани. Предметите ќе се следат електронски, а ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал, ќе биде разрешен, а Судскиот совет и Советот на јавните обвинители ќе имаат задача само да го верификуваат тоа. Почнуваме со детаљна проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители за да им се утврди потеклото на имотот. Следува ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години по случаен избор“, рече Митрески.
Како што оцени пратеникот, неопходни се ред и дициплина во сите институции, па затоа службите мора да се отчетни, транспарентни и чесни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

