Контакт

Македонија

Мицевски: Воведувањето 5 потпретседатели во Собранието ќе значи дополнителни трошоци во буџетот

Објавено пред

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната пленарна седница побара втората точка од денешниот дневен ред, предлог-одлуката за одредување на бројот на потпретседатели, да се тргне од дневен ред.

dobivaj vesti na viber

„Барам втората точка од денешниот дневен ред – предлог-одлука за одредување на бројот на потпретседатели – да се тргне од дневен ред од една и единствена причина затоа што како и во 2017 година, продолжувате со зголемените обврски и трошоци што ги предизвикуваат овие дополнителни функции што ги имате“, истакна Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.

Според Мицевски, несериозна работа, ќе се воведеме во сала полна со пратеници, ќе се повикаат потпретседатели и нема да знае кој да се сврти во моментот. Тој укажа дека во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани и тој амандман од страна на власта и собраниското мнозинство не бил ниту разгледан.

„Ние сме против ова расипничко трошење и воведување 5 потпретседатели, кои со себе повлекуваат 5 кабинети. Знаеме што значат 5 кабинети и колкава е обврската имајќи предвид дека во изминатите три години господинот Џафери, освен еден потпретседател, ниту еден друг не го замени. Ако е само тоа да се задоволат коалициските страсти, јас ве разбирам, меѓутоа не можете пред македонската јавност да кажувате дека се борите за намалување на трошоците, за намалување на обврските и за зачувување на средства во буџетот“, додаде Мицевски.

Македонија

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во Скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

„Имено, денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во Скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска од Кремс: Евроинтеграциите се движечка сила за Западниот Балкан

Објавено пред

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Кремс учествуваше на министерскиот состанок на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западен Балкан, на кој стана збор за европската перспектива на земјите од регионот, процес што е исклучително важен, особено во денешната безбедносна реалност на европскиот континент.

dobivaj vesti na viber

„Овие времиња на предизвици претставуваат и една уникатна можност за сите нас да ја засилиме безбедносната соработка и да го интензивираме меѓусебниот дијалог. Ова се времиња во кои мораме да бидеме посветени на брза и ефикасна евроинтеграција на целиот Западен Балкан“, рече министерката.

Регионот, потенцира министерката, припаѓа на Европа и на Европската Унија, а нашите земји, особено Северна Македонија, покажаа дека се посветени на европските принципи и вредности. Пристапниот процес мора да биде кредибилен зашто европската интеграција е најсилната мотивација за развој и е најдобрата идеја го поврзува регионот.

„Северна Македонија докажа дека активно придонесува кон развојот на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа особено имајќи ја предвид нашата култура на дијалог и нашата способност за изнаоѓање решенија и за тешки билатерални прашања. Одлуките што ги донесовме беа тешки, но тие дадоа надеж за целиот регион и поставија пример за тоа како може да се најдат решенија и за најсензитивните прашања на Балканот“, рече Петровска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Објавено пред

Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и мо-жат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет10 минути

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет26 минути

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...

Регион47 минути

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар даде целосна поддршка на евроатлантските интеграции на...

Економија2 часа

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ3 часа

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија3 часа

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот...

Свет3 часа

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет3 часа

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет3 часа

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин. “Руската...

Македонија20 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија21 час

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија21 час

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија21 час

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија22 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа23 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет1 ден

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет1 ден

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет1 ден

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...