Македонија
Мицевски: Етичкиот кодекс не постои, СДСМ го оправда однесувањето на Џафери
Од денес етичкиот кодекс не постои. Денес, СДСМ ги оправда однесувањето на Џафери и односот кон администрацијата, што го слушна целата македонска јавност, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
„Ова што денес го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, она што се направи со заклучувањето на пратениците, е нешто што се случува во секоја институција во целата држава секој ден. Омаловажувањата, понижувањата, мобингот и непочитувањето се нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или која било припадност.
Вака функционира двоецот СДСМ и ДУИ. Вака функционира во целата држава. Вака е со сè во државата. Секогаш кога треба да понесат одговорност, бегаат од неа. Одговорност ќе има. Ќе одговараат пред граѓаните на Република Македонија“, изјави Мицевски.
Тој истакна дека на 18 јуни е општонародниот протест и, како што рече, тоа е почеток на крајот на оваа аздисана власт и на ова безредие во кое живееме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

