Македонија
Мицевски: Заев не верува во своето мнозинство
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, вели дека стравот, паниката и слабоста што власта и Зоран Заев ги покажаа вчера укажуваат на тоа дека Заев не верува во своето мнозинство.
„Ден откако Зоран Заев си купи привиден мир со шверцерско гласање за доверба на Владата и тоа го претстави во јавноста како небаре да ги донесол ‘Гугл’ и ‘Фејсбук’ и како небаре да набавил милион вакцини, сепак реалноста е иста како и претходно“, истакна Мицевски.
Според него, во државата немаме вакцини, а секојдневно луѓето умираат поради тоа.
Мицевски напомена дека економијата е пред колапс, државата, според него, е презадолжена, а 55 илјади луѓе што останаа без работа во последната година сè уште се невработени.
„Со вчерашното гласање падна во вода и уште една голема лага на Заев и луѓето околу него, а тоа е лагата дека тој има пратеници од опозицијата што го поддржуваат и ќе преминат во таборот на власта“, рече Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

