Македонија
(Видео) Мицкоски: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за сите учесници од настаните во Собранието на 27-ми април. Во 40 минутниот говор, тој порача дека на тој начин ќе нема селективна правда.
„Донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници од 27 април, за да нема селективна правда и да има слобода за сите, а не само за оние кои вас ви слугуваат. Дел од структурите кои се опфатени со прогонот на власта, решија да одиграат валкана работа за оваа власт. Мене ме обвинуваа дека се борам и барам амнестија, а сега кога тие тоа го предлагаат било простување, рече Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека дел од пратениците кои гласале за уставните измени потклекнале, бидејќи барајќи ја личната слобода, го разочарале народот. Тој им се обрати на членовите кои во петокот ја изневерија партијата и гласаа за менување на Уставот, велејќи дека пеколно го заболело тоа што своите сопартијци ги видел со свиткана кичма.
„Не заболе пеколно што ве видовме со свиткана кичма, не подвитлана како на Заев оти тој нема кичма, туку свиткана. Не издражавте иако знаевте дека со удбашки стил СЈО монтира случаи за вас, иако знаевте дека обвинетите од 27 април се апсолутно невини. Ме изневеривте, ја изневеривте ВМРО -ДПМНЕ и ја изневеривте татковината“, рече лидерот Мицкоски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив, ако продолжи водостојот да расте, предупреди ЦУК
Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив.
Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.
Истовремено, ЦУК, потсетува за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Инаку, според днената хидролошка информација и очекуваната тенденција за водостојот на реките и езерата на УХМР, нивото на водостоите е во покачување, додаваат од ЦУК.
Македонија
Одрон на патниот правец Гостивар-Маврово
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај Каменоломот.
За настанатата состојба од ЦУК се известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција коишто ќе пратат екипи се со цел нормализирање на сообраќајот, извести Центарот за управување со кризи.
Македонија
Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство
Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.
„Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас“, напиша Силјановска-Давкова