Македонија
Мицкоски: Бугарија нѐ уценува да прифатиме дека до 1945 сме биле Бугари, тоа нема да го прифатиме
Бугарија не е подготвена на реципроцитет и да го признае македонското малцинство, а од нас бара вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на гробот на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање.
„Споменаа тоа што го кажаа и во јавноста за промена на Уставот и да биде вклучен дел од бугарскиот народ, незначително бугарското малцинство во Уставот, а за тоа не се подготвени на реципроцитет на значителен дел од македонскиот народ што живее кај нашиот источен сосед“, истакна Мицкоски.
Додаде дека Бугарија исто така не е подготвена да ја тргне понижувачката фуснота за македонскиот јазик и да признае дека е засебен и се разликува од бугарскиот, но и го злоупотребува членството во ЕУ за да ја уценува Македонија за да прифати заедничка историја.
„Сакаат да се обидат и да ја злоупотребат положбата што се членка на ЕУ да нѐ натераат да прифатиме дека од средниот век, од Првото Бугарско Царство, сѐ до 1945 година имаме заедничка историја и сме биле еден народ – Бугари. Тоа нема никогаш да го прифатиме“, потенцираше Мицкоски.
Рече дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, само ако го слават како македонски херој и македонски син Гоце Делчев.
„Ако се слави 150-годишнината од раѓањето на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, немам против“, рече Мицкоски.
„Македонија, за мене – претставува Македонија. Тоа што овие денеска што чествуваа и што имаат привилегирана положба, а не беа со народот, не се. Тоа е за мене Гоце Делчев“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

