Македонија
Мицкоски: Ветингот е ставот, а зад завесата е тефтерчето, од каде што доаѓаат одлуките од Мала Речица

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но позади завесата е тефтерчето од Мала Речица од каде доаѓаат одлуките, при што потенцираше дека започнуваат реформите во судството и обвинителството и тие конечно ќе бидат ослободени.
„За Уставниот суд, мислев дека се шегувате, кога ќе го види човек на Уставниот суд мислев дека е провоаприлска шега, но шегата да ја оставиме за друг пат. Во услови кога не постои човек кој верува дека немаме партизација во судството, дека Уставниот суд е класичен пример како изгледаше „Кацарска судството“, вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок. Сите тие судии се избрани со мнозинството на тие кои сега се опозиција, ДУИ и СДСМ. Тогаш може да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ има голема улога врз носењето на одлуките во Мала Речица па поставувате вакви прашања да ние добиеме политички поени“, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети кој обвини за влијание врз судот.
Мицкоски му посочи на Беџети дека ДУИ се тие кои не треба да прават притисок врз Уставниот суд и другите судови.
„Влијанието кое сè уште се чувствува во судско-обвинителскиот систем кај нас конечно го департизираме и тоа ни е цел. Ќе го направиме тоа, имаше период кога чекавме предлози, сугестии, како одговорна влада сакавме да слушнеме, но за жал не добивме ниту една сугестија која цениме дека може да биде аплицирана. Следната недела ќе имаме координација и започнуваме со реформите. Почнуваме со реформата во Судскиот совет, па Совет на јавни обвинители“, изјави Мицкоски.
„Гледаме што се случува во Академијата за судии и јавни обвинители, браќа, братучеди на поранешни блиски соработници на поранешниот министер за внатрешни работи, сестри на пратеничка од СДСМ и претседателка на Унија на жени на СДСМ е дел од Управниот одбор.
Состојбата е алармантна во судството и верувајте дека набрзо оваа Влада ќе направи чекор на кој сите ќе бидат горди и ќе се забележи во следниот извештај за напредок од страна на Европската Комисија“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Ја поддржуваме заложбата на САД и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток и ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими, соопштија од партијата.
„Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантските вредности: спречување на нуклеарни закани, заштита на мирот и зајакнување на меѓународниот систем заснован на правила и одговорност“, се наведува во соопштението.
Според ДУИ, ова е време кое бара решителност, координација и зрелост.
„ДУИ ја повторува својата посветеност на мирот, колективната безбедност и непоколебливото партнерство со САД, НАТО и Европската Унија“, велат од партијата.
Македонија
Казнети 127 возачи за непрописно паркирање во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 16.06. до 23.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 127 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, информира УХРМ.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.