Македонија
Мицкоски: Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа

Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по интервенцијата на полицијата на карневалот во Вевчани.
„Кога Владата за своите во Штип е мајка, за народот во Вевчани маќеа. Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, на народот му забранува да организира карневал зашто тој е критика за Владата. Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ… Народе, добро запамети ги овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
Полициски службеници го растурија карневалот во Вевчани, кој оваа година не беше официјално организиран од страна на Општината поради пандемијата на коронавирусот. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата интервенирала поради непочитувањето на мерките за спречување ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање повеќе од четири лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Груби вели дека рамковните административци имаат рок од 7 дена да се појават на новата работа

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, денеска соопшти дека 1.349 административни службеници, вработени по Охридскиот рамковен договор, ќе бидат распределени во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа.
Според Груби, на административните службеници, кои во рок од 7 дена нема да дојдат да си ги подигнат новите решенија, Министерството за политички систем ќе им ги раскине договорите за вработување и ќе ги пренесе на трансфер-листа.
„Трансфер-листата е во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што веќе изборот не е нивен, односно од институција што има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат, им се укинува работниот договор. Немаат веќе право да пребираат и да бараат друго работно место, ова е единствената опција“, рече Груби на прес-конференцијата.
Тој исто така ги наброја некои од институциите каде што ќе бидат прераспределени рамковните вработени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.
Македонија
Царовска: Повеќето од учениците се спремаат за матура, само во една гимназија има организиран бојкот

Законски утврдените рокови се почитуваа, 15 илјади ученици од четврта година пријавија матура, што укажува дека повеќето од учениците се припремаат за овој чин, вели министерката за образование, Мила Царовска.
„Сакаме секое дете да има можност да си ги оствари своите цели и соништа и, секако, да нагласам дека матурата е законска обврска што значи заокружување на образовниот процес или добивање диплома, што понатаму важи и за продолжување на образованието и за вклучување на пазарот на трудот“, рече Царовска.
Таа претходно изјави дека само учениците од една скопска гимназија имаат организиран бојкот на наставата, а другите се помали изолирани групи, а во некои средни училишта воопшто нема бојкот.
Од наредната година таа најавува дека ќе има соработка меѓу Министерството и средношколците за подготвување на тоа како ќе изгледа новата концепција за матурата.
Македонија
Камбовски: Tреба да се вклучи листа на задолжителни предмети, меѓу кои историја, физика и хемија

Академик Владо Камбовски на денешната дебата за реформата на основното образование ја поздрави идејата за вклучување на МАНУ во расправата како највисока научна и уметничка институција чија задача е токму да ги развива образованието и науката.
Тој нагласи дека средиште на концепцијата е курикуларната реформа, односно реформата на наставниот план по што треба да следуват и наставни програми.
„Во рамките на оние осум подрачја што ги одредува овој материјал како темелни вредности или цели на системот на образованието, треба да се вклучи една листа на задолжителни предмети, меѓу кои треба да се најдат и историја, и физика и хемија, оние што сега се во тој материјал групирани како модули на некој заеднички предмет, општествени или природни науки“, рече академик Камбовски.
Тој укажа дека академиците имаат конкретни сугестии за подобрување на концептот.
„Очекуваме по усвојувањето на овој концепт, да бидат преземени и следните чекори: да биде подготвен наставниот план за основното образование, следен чекор е подготовка на наставни програми за секоја година на деветтолетката и националните образовни стандарди преку кои ќе се мерат исходите на образованието, стекнатите компетенции и оценувањето на учениците за да може да се подигне квалитетот на основното образование, кој сега и преку меѓународни мерења се оценува како исклучително низок“, нагласи Камбовски.
Тој ја поздрави дебатата за образовната реформа и нагласи дека досега немало вакви дискусии, а се случувале значајни промени.
„Нормално е да се појават разни гледишта за подготвениот материјал, но заживеа расправата за овој најважен елемент на општествените реформи, а тоа е системот на образование, овој пат основното образование, но очекуваме дека тие расправи ќе продолжат и во однос на другите степени, предучилишното, средното и, конечно, реализација на реформата во високото образование“, посочи академикот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот