Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи победничка коалиција на прогресивни партии која ќе го промени ова политичко мочуриште
Партијата Демократски сили на Ромите донесе одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори, во делот на безусловна поддршка на кандидатите за градоначалници кои што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ Се радувам што одлуката е таква да партијата на господинот Шабан Салиу биде дел од коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ , дел од победничката коалиција за тоа што денеска е важно да сите оние прогресивни политички сили кои што се дел од македонската политичка сцена без разлика дали се тоа од македонскиот блок политички партии, од албанскиот блок политички партии, партиите на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, Србите, Египќаните и останатите се приклучат на овој опозициски победнички блок бидејќи само така можеме да го промениме ова политичко мочуриште кое што четири години практично ја репресира и уназадува нашата Македонија. Да го промениме овој хибриден режим и навистина да владее правото, навистина да се бориме бескомпромисно со криминалот и корупцијата, за силна економија, за сериозни реформи во здравството, во образованието, да одиме напред бидејќи сите одат напред, само за жал Македонија предводена од овој хибриден режим на СДСМ и Зоран Заев стагнира и уназадува“ порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

