Македонија
Мицкоски: Времето на кланови и на семејни бизниси во здравството завршува, ќе има одговорност за сето она што е направено
„На покана на министерот, на покана на директорот овде во Дигестивната клиника сведочиме на навистина едно импозантно дело коешто можеби за државното јавно здравство и не е вообичаено, но како што кажа и министерот многу конкурентно и условите се би рекол подобри доколку се споредат со некои од приватните клиники“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Во периодот којшто следи ќе има уште многу вакви убави работи за македонското здравство.
Мандатот го започнавме со една посета на клиничката болница во Штип каде што кажавме дека продолжува проектот за завршување на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика условно кажано од едно време во минатото кој што оваа Влада има амбиција да го заврши и доколку тоа ќе биде успешно тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар коишто долго се ветува, но никако да се случи.
Така што како Влада остануваме фокусирани на ваков тип на проекти, полека но сигурно почнуваме да го планираме Буџетот за следната година, здравството и услугите коишто ги нуди јавното здравство, државно здравство се наш приоритет и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме“, кажа Мицкоски.

„Времето на кланови, времето на семејни бизниси во здравството кои што го црпеа пациентот и македонското здравство завршува, набргу денеска ќе има одговорност за сето она што е направено во минатото и не им е тоа доволно ги гледаме како истите тие со баслосовни каматни стапки ги оптоваруваат клиниките и болниците и мислат дека на тој начин ќе профитираат на грбот на пациентите, тоа нема да се случи, јас ви ветувам“, изјави премиерот и посака уште многу вакви проекти во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

