Македонија
Мицкоски: Добивме и официјална потврда дека Заев, Љупче и останатите од владата си крадат и струја од регионалниот систем
Настрана оние фалења на власта дека биле најдобри, дека постигнувале извонредни резултати, дека секаде каде што одел Заев црвени килими му постилале. А вие и јас знаеме нема никаква врска тоа со реалноста, реалноста којашто сите ние заеднички ја живееме секој ден. А кога сме кај реалноста, сè поголем број на експерти го потврдуваат она што пред неколку месеци го велев, а тоа е дека нè чека тешка енергетска криза и шокови кои може да направат сериозен удар врз економската стабилност на Македонија, но и силно нагризување на и така кревкиот животен стандард на граѓаните“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, на митингот во Лисиче.
Мицкоски додаде дека Заев, Љупче Путерот и останатите од Владата си крадат на тендери, договори во четири очи, крадат и струја од регионалниот систем.
„Добивме и официјална потврда дека покрај тоа што Зоран Заев, Љупче Путерот и останатите во владата си поткраднуваат од тендерите и прават договори во четири очи, сега крадат и струја од регионалниот систем, повлекувајќи ја онаа што се наоѓа во околниот систем. А тоа го прават затоа што немаме домашно производство. А зошто немаме домашно производство, затоа што крадат. Тоа е суштината зошто ние денеска се соочуваме пред тешка енергетска криза што сериозно ќе го нагризе нашиот животен стандард и ќе ја доведе под знак прашалник егзистенцијата на граѓаните. Вчера ги слушнавме како велат дека едниот блок во Битола работел, па ќе го вклучеле другиот блок, па излажаа, па доцна во ноќта направија некакви обиди и денеска и двата блока работат како еден бидејќи се на половина сила“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека и отсуството на сериозна стратегија и итен пакет мерки може да предизвика сериозни рестрикции на струјата, тешки загуби на бизнис-секторот, но од друга страна цехот ќе го плаќаат граѓаните, затоа што нејзината цена може вртоглаво да расте.
„Не само што се криминални, туку и се неспособни. Таквата неспособност предизвикува скриена но алармантна инфлација, што најдобро се гледа кога ќе отидете во продавница, каде сè е поскапено“, укажа Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

