Контакт

Македонија

Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

Објавено пред

За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат околу 2 800 граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски по денешниот состанок на Советот на странски инвеститори.

dobivaj vesti na viber

Според примерот, инвестициите директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст и за локалниот екононски развој.

– Целта е годинава да стигнеме до историските една милијарда странски директни инвестиции што сметам дека е остварливо и по глава на жител да бидеме најдобри во регионот или меѓу неколкуте водечки во Европа, подвлече Мицкоски.

На состанокот со Советот, рече, се разговарало и за усогласување на глобалниот минимален данок.

– Разговаравме за единствената давачка за која во моментов размислуваме, давачката која треба да се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен данок. Мислам дека е фер и коректно за македонските граѓани, оние компании кои тука реализираат профит, оние пет отсто повеќе од рамниот данок од десет отсто да ги уплатат во нашиот Буџет, истакна премиерот.

 

Македонија

Почина седуммесечно бебе на Детската клиника

Објавено пред

Седуммесечно бебе почина на Клиниката за детски болести.

dobivaj vesti na viber

Бебето било примено минатата недела поради сериозен синдром кој зафатил повеќе органи, а во меѓувреме тешката здравствена состојба дополнително се влошила.

Се очекува да биде извршена обдукција.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Поранешниот директор на Државна лотарија го оштетил буџетот за 501.319.119 денари, соопшти Финансиската полиција

Објавено пред

Управата за финансиска полиција, соопшти дека генералниот директор во Државна лотарија, Прпарим Бајрами го оштетил буџетот за 501.319.119 денари.

dobivaj vesti na viber

Од Финансиската полиција велат дека Бајрами иако бил свесен и знаел дека АД Државна Лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали.

„Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија“, велат од Финансиската полиција.

Според информациите, Бајрами не е достапен за органите на прогонот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уапсените за тероризам од Гостивар и Струга планирале напади по примерот на ИСИС

Објавено пред

Три лица од Гостивар и едно лице од Струга се приведени поради тероризам.

dobivaj vesti na viber

Првоосомничениот е 21-годпишен гостиварец, кој на почетокот на годината создал и координирал терористичка организација – ќелија, во која членуваат и други осомничени од земјата и од странство.

„Организацијата со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС имала намера на изведување на терористички акт на цивилни – меки цели и јавни објекти. Првосомничениот во почетокот на 2024 година формирал повеќе групи на социјалната мрежа Telegram каде искажувал целосна подготвеност и намера за извршување на терористички напад, како и поттикнување на други лица за извршување на терористички напади во Европа. Во групите споделувал претходно набавен и преработен – преведен пропаганден материјал на ИСИС, регрутирајќи нови членови, правејќи обиди за набавка на огнено оружје, како и споделувајќи упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе бидат искористени за извршување на терористички напади“, информираа од Обвинителството.

Со оглед на кривичното дело што им се става на товар, околностите, како и фактот дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје денеска му предложи на осомничените да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Падна германската влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц, очекувано, го загуби гласањето за доверба, што го отвори патот за предвремени избори на 23 февруари....

Македонија19 минути

Почина седуммесечно бебе на Детската клиника

Седуммесечно бебе почина на Клиниката за детски болести. Бебето било примено минатата недела поради сериозен синдром кој зафатил повеќе органи,...

Македонија1 час

Тошковски го повика Груби да се врати во земјата поради истрагата за Лотарија, кривична и за поранешен премиер

Против осум физички лица поднесени се кривични пријави поради сомнежи за криминал во Државна лотарија. Министерот за внатрешни работи, Панче...

Македонија3 часа

Мицкоски: Имам сознанија за вмешаност и на други поранешни високи државни функционери за криминал во Државна Лотарија

Од оние информации кои располагам, знам дека постојат основани сомневања за криминал во Државна Лотарија од поедини поранешни високи владини...

Македонија4 часа

Притвор од 30 дена за четворицата осомничени за тероризам

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонењев организиран криминал...

Македонија6 часа

Бројот на производи во новогодишната кошница достигна 1.036, Пазарниот инспекторат ќе утврдува злоупотреби

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека откако вчера почна мерката новогодишна кошничка, бројката на производи кои што...

Топ6 часа

Сопатник загина, возачот тешко повреден – со автомобил удриле во бетонски столб

Вчера во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски...

Македонија6 часа

Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година, вели Таравари

До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат...

Македонија8 часа

Кривична за Рамиз Мерко: без оглас, именувал директор на училиште кој немал соодветно образование

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р. М. (67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

Македонија9 часа

Груби по објавите дека ја напуштил државата: Патував во приватна посета, немојте да измислувате и шпекулирате

Поранешниот вицепремиер Артан Груби преку објава на социјалните мрежи демантира дека избегал од земјата. Како што синоќа објави на социјалните...

Македонија9 часа

МВР распишува оглас за прием на 600 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 600 полициски службеници. „Врз основа на член 79 став 1 од...

Македонија10 часа

Три земјотреси регистрирани во Македонија ноќеска

Три земјотреси се регистрирани во Македонија ноќеска. Најсилниот со јачина од 3,2 степени бил во околината на Гевгелија, според Европскиот...

Македонија21 час

МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи

Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се...

Македонија1 ден

Вреди: ДУИ создава конфликти за да ги прикрие своите корупциски скандали

Коалицијата Вреди најостро ја осудува реториката на ДУИ која, според нив, продолжува да предизвикува етничка поларизација и тензија со цел...

Свет1 ден

(Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков како одговор на утринскиот напад...

Економија1 ден

Инспекторите влегоа во маркетите, производите се намалени за 10%

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) започна контроли низ ланците на маркети низ целата земја, со фокус на производите од „Новогодишната кошница“,...

Топ1 ден

Терористичка група откриена во Македонија, приведени четворица по акција на полицијата и меѓународните партнери

Во координирана полициска акција спроведена утрово во Струга и Гостивар, приведени се четири лица под сомнение дека се дел од...

Македонија1 ден

Засилени мерки пред празниците, Тошковски најави казни за употребата на пиротехнички средства

Министерството за внатрешни работи интензивира активности за подобрување на јавната безбедност пред новогодишните празници. Превентивните мерки вклучуваат намалување на користењето...

Економија1 ден

Костова: Власта ја остави кошничката на граѓаните празна, трговците се збогатуваат

Во време кога животниот стандард на граѓаните е сериозно загрозен, а трошоците за живот се зголемуваат, СДСМ ја обвини Владата...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува дека владејачката коалиција сака да го поништи Охридскиот договор

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја изрази својата загриженост за, како што велат, малигната агенда на актуелната влада за...