Македонија
Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да излезат и масовно да гласаат затоа што според него само на тој начин може да се одлучува за заедничката иднина.
Потенцира дека масовната излезност е глас и одлука за иднината на „нашите семејства и иднината на нашата татковина“.
Упати уште една порака и потсети дека за време на кампањата предупредувал на две можни сценарија кои денеска како што рече, се гледа дека се реалност“.
„Првото сценарио е на онаа група политичари кои во своето име го имаат зборот европски а од европски немаат ниту „Е“. Тие за жал се уште се заглавени во минатото, во 18 век и ова ќе биде голема казна на граѓаните врз овие ретроградни и дефанзивни политики на овие политичари кои ја злоупотребуваат Европа. Уверен сум дека и Европа се срами од овие луѓе“, рече Мицкоски.
Изрази благодарност и до медиумите, за како што рече, истрајноста и издржливоста во 35 дневната исцрпувачка кампања.
Прашан кој ќе биде неговиот став во врска со Косово, Мицкоски одговори дека нивниот став е многу јасен.
„Не знам дали во Косово ја имате таа информација дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја призна независноста на Косово, или уште верувате на лагите на Артан Груби и Али Ахмети“, одговори Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

