Македонија
Мицкоски на средба со Рот: Македонија заслужува да добие датум за почнување преговори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот. На средбата присуствуваа и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата Мицкоски го запознал Рот со политичката ситуација во земјата, но и со недемократскиот однос на власта.
Мицкоски се заблагодари за поддршката што ја добиваме од СР Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласи дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина, стои во писменото соопштение.
Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажа дека Македонија заслужува да добие датум за почнување преговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски утре во Истанбул: ќе учествува на вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.
Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.
Муцунски ќе се обрати на состанокот, при што се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и образованието и младите.
На маргините на состанокот е предвидено министерот Муцунски да оствари и одвоена билатерална средба со министерот Фидан, на која, покрај прашањата од доменот на билатералната соработка, ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.
Македонија
Филипче треба да знае дека проблемот не се медиумите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот и криминалот на Заев, велат од партијата на власт
Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче.
Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДС е партија на многу интриги и проблеми.
На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал заради што секој мисли дека се криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, додаваат од владејачката партија, треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДС е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и менторот Заев, кои ја доведоа СДС на вака ниски гранки.
„Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДС, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите.
Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаа врз СДС и народот сето тоа го гледа.
Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси“.
Наместо факти, Филипче, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“. Тие „октоподи“ додаваат од партијата на Мицкоски, седум години му служеа на СДС како портпароли, додека се пљачкаше државата.
„Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста.
Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината“.
Македонија
Хоџа-Зомер: Швајцарија силен и долгорочен партнер во заштитата на животната средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Конфедерацијата Швајцарија во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, на која беа разменети мислења за тековната и идната билатерална соработка во областа на животната средина.
На средбата, Хоџа изрази благодарност за континуираната и значајна поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на државата повеќе од три децении, нагласувајќи дека таа е еден од најголемите билатерални донатори и клучен партнер во реформските процеси, особено во секторите води, управување со отпад, природа и климатска отпорност.
Беа разгледани тековните проекти поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), меѓу кои проектите за интегрирано управување со цврст отпад, управување со подземни води, заштита на биодиверзитетот и екосистемите, како и зајакнување на отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија.
Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за понатамошно продлабочување на соработката со Швајцарија, во насока на усогласување со европските стандарди, одржливо управување со природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

