Македонија
Мицкоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата, а оние од ДУИ и нивните измеќари од СДС кои ја киднапираа и ограбуваат ќе одговараат
Ова се избори во кои народот треба да си ја врати државата која е киднапирана од страна на неколкумина од ДУИ и малкумина нивни измеќари од редот на СДС. Ова е избор помеѓу Македонија горда и достоинствена со пристоен живот и втора опција која ја нудат другите тоа е ограбена и понижена и Македонија. Немаме можност за втора шанса и ако овие продолжат како до сега државата се помалку ќе ја има, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Кривогаштани.
Мицкоски посочи дека дури и членството од СДС е разочарано од нивното раководство и одбива да биде измеќар на ДУИ и бара промени во државата.

– Јасно им е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат на овие избори и дека Гордана Силјановска Давкова е победник на овие избори затоа сакаат да помогнат да не биде таа влада уценувана од страна на Али Ахмети и останатите. Ова не се избори во кои одлучуваат нијанси, туку јасен е победникот, туку прашањето е на чест и достоинство, дали ќе застанеме позади интересот на Македонија и ќе се бориме за национално единство или ова ќе бидат избори во кои тие како членови и симпатизери на СДС ќе останат слепи послушници на раководството на СДС кои за жал е претворена во измеќар на ДУИ, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека криминалот нема етничка димензија, а овие луѓе повеќе од 20 години ја ограбија Македонија, и после 8 мај нема да биде „како до сега“, туку ќе има одговорност.
– Пред 20 години влегоа во политика со романтични идеи, а денеска гледаме како членови на семејството на Ахмети купуваат мултимилионски имоти во големите градови во Македонија, како сватовите возат Ролс Ројс и најскапи марки возила, како другите роднини имаат фирми кои вртат мултимилиони. Затоа повикувам масовно да излеземе на 24 април, а потоа и на 8 мај да гласаме за бројот 2 затоа што сиот криминал кој се случуваше изминативе години има име и презиме и ќе одговараат после 8 мај, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски зборувајќи за Пендаровски посочи дека нема извештај за сработеното, но од него имаме слушнато неколку работи по кои ќе биде препознаен и дека едната работа е дека сите кои нема да гласат за него не сака очи да им види, а потоа се расфрла со навреди.
„Пендаровски прво е вознемирен, па исплашен, знае дека довербата која ја има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и Гордана Силјановска Давкова е најмалку 3 пати поголема од сите оние кои го поддржуваат него. Знае дека после 8 мај ќе има одговорност за сето она што и го направија на Македонија и народот, а тој е нем набљудувач и не спречи некои од процесите да се случат“, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.
Македонија
Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.
Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.
Согласно информациите добиени од надлежните власти, сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Евакуацијата ќе биде отпочната во првата безбедна прилика, при што веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување веднаш штом се создадат соодветни услови.
Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги разгледува можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.
„Уште еднаш апелираме до македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва“, велат од МНР.

