Македонија
Николоски: Пендаровски од озборувач број еден во Македонија стана и навредувач број еден, крајот му се ближи затоа е нервозен
„Од сите краишта на Македонија доаѓа многу добра енергија и победата е пред нас, победата е извесна, победата се гледа“, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 од митингот во Кривогаштани.
„Поразговаравме и со претседателот на општинскиот комитет пред да започнеме, го прашав дали Стево Пендаровски ве посетил. Ми рече да, беше пред некој ден на митинг тука. И прашав, а кога претходно дошол, претседателот на ОК рече беше на митинг пред пет години исто така“, истакна Николоски.
Николоски додаде дека тоа значи дека жителите од Кривогаштани на Пендаровски му требаат само за гласови, чим доаѓа само за митинзи. Во пет години претседател на Македонија не нашол време и можност ниту еднаш да дојде во Кривогаштани и да ги посети жителите.
„И мислам дека е доволна причина да си замине. Мислам дека е доволна причина да имаме масовна излезност, прво на 24-ти април, па потоа и на осми мај, и да го испратиме во неславната историја на Македонија. И да ја избереме Гордана Силјановска Давкова за претседател“, рече тој.
Посочи дека се воочува како нервозата царува кај Пендаровски, и наместо да одговара за она што го сработил во изминативе пет години тој навредува. А, не одговара затоа што ништо не сработил. И наместо да одговори на сериозните наоди и обвинувања кои што ги презентира ВМРО-ДПМНЕ пред се во делот на неговата заштита на криминалот и корупцијата во Македонија, тој повторно навредува.
„Човекот кој што пет години ги потроши во озборување во Македонија, кој што стана озборувач број еден во Македонија, сега стана и навредувач број еден во Македонија. Тоа е тоа по што ќе го паметиме Стево Пендаровски“, нагласи Николоски.
Николоски порача дека на Македонија и е потребен многу подобар претседател, кој што ќе се грижи Македонија да биде соодветно претставена и дома и надвор, ќе ги штити Уставот и законите, територијалната целовитост на Македонија, и ќе гледа Македонија да напредува, а таков предлог е Гордана Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.
Македонија
Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители
Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на Самитот Македонија 2025.
Мицкоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, нити има намера да се мешаме, во овие две тела.
– Исто така наша обврска ќе биде да обезбедиме независен буџет, врзан со проценти од централниот за да бидат целосно автономни, за да не бидат потоа политичарите изговор на некој од тие корумпирани поединци во судство и обвинителство дека тие им правеле притисок. Сами да се изберат и сами да функционираат, а ние ќе правиме оверсајт на таа работа преку собраниска комисија во која ќе има претставници и на власта и на опозицијата, истакна Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека целта е комплетна автономија во правниот систем.
Но ако забележиме било какво влијание од поранешни политички елити или други точки на влијание ќе има сериозна кривична одговорност. Немаме намера ниту милиметар да отстапиме, изјави Мицкоски.
Македонија
Џафери: Управнот суд и институциите да ја заштитат кредибилноста на изборите
Премиерот Талат Џафери од ДУИ, од прес-конференција во Владата се осврна на изборниот процес, и ги повика институциите да ја штитат кредибилноста.
Тој рече дека како премиер, одговорен за успешноста на изборите, добил извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инженеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија во врска со симптоматичните приговори поднесените од страна на учесниците во изборите.
Според извештаите, овие претензии за изборен инженеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собрание преку политички договор на маса.
„Кредибилност на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било страна, и да го штитат кредибилитетот на изборниот процес докрај, без да фрлат дамка врз волјата на граѓаните изразена на изборите“, порача Џафери.