Македонија
Мицкоски од Кратово: Луѓето ќе гласаат за правда во Македонија, а не за “правдата” на СДСМ и Заев спакувана во Луј Витон куферче
Вечерва од Кратово претседателот на најголемата опозициона политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на сплотување и одлучност, затоа што сега е време кога ние сите ќе се најдеме на една раскрсница и ќе треба да се одлучиме помеѓу два сосема различни политички проекти, концепти. Едниот е што го нудат истрошени, безидејни политичари од времето на транзицијата, а другиот е понудата на луѓето кои имаат решение и знаат како да се справат со сите предизвици, се до крајната цел. А крајната цел е Македонија онаква каква што ја знаеме, нашата Македонија.
„ Одлуката овој пат е помеѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвитка кичма или исправена кичма. На една страна гледаме криминал и корупција, а на другата страна ред и поредок, чест и честитост. На едната страна гледаме луѓе кои ја подвиткаа кичмата за грст жолтици, а на другата страна гледаме силно исправени луѓе кои што си ја љубат својата татковина Македонија, порача Мицкоски.
Секогаш матрицата на СДСМ се состоела од четири чекори, рече Мицкоски. Првиот им е со раката на срце ќе дојдат тука во Кратово и ќе ви зборат за жицата за времето и притоа ќе ви кажат и некоја лага, рече Мицкоски, се со цел да ја добијат вашата поддршката. А откако ќе ја формираат владата тогаш доаѓа вториот чекор каде што имаме национален срам и предавство.
„ Па третиот чекор пљачка, криминал и корупција, и последниот чекор е кога го заробуваат судството и обвинителството и да ги амнестираат своите криминали. Ќе споменам само како го продадоа нашето знаме ветувајќи му на народот европска иднина. Па да не зборам за транзицијата, во која илјадници луѓе останаа на улица. Па пљачката на народот преку онаа штедилница ТАТ. Понатаму, територијалната распределба кога се случи парчењето на Македонија. Па го испопљачкаа народот преку онаа случка со тенковските делови. Но, оваа генерација на СДСМ е надградена. Усовршена по криминал. Целиот криминал и корупција се заврши со една чанта Луј Витон во обвинитеството кое повеќе не постои.
„ Тие целата правда ја спакуваа во една чанта Луј Витон. А од пред некој ден имаме информација дека СДСМ и БЕСА во два чекора сакаат да ја распарчат Македонија. Прво е федерализација, а потоа следи уништување. И ова не е само во главата на ВМРО-вците. И тогаш предупредувавме за договорите и тогаш велеа дека тоа е само во нашите глави, но целата македонска јавност виде како тие ги спроведоа сите три договори, рече Мицкоски.
Мицкоски на крајот ги повика кратовчани да излезат масовно и да гласаат за бројот 14, за нашиот сон како што рече тој, за Македонија што ја сонуваме, а не за оваа денешнава понижена, омаловажена, искрадена, заврши Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

