Македонија
Мицкоски: Од работа се бркаат луѓе што гласно зборуваат против мафијата на власт

И покрај заразата, тоа што денес сме собрани овде укажува дека на народот му е преку глава и има вистинска мака, а таа мака се вика мафија, рече на почетокот од своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот протест, кој неговата партија го организира против „неправдата, реваншизмот и политичкото насилство“.
Тој пред присутните наведе неколку примери за, како што рече, реваншизам и политичкото насилство и побара јавноста да ги запамети тие случаи:
„Денеска можете да сретнете татко на три деца, кој останал без работа, само затоа што одбил да излезе и да гласа за СДСМ на последните избори. Самохрана мајка е оставена без единствените приходи и избркана од работа, само затоа што одбила да биде дел од структурите на СДСМ и да земе членска книшка. Преместен на работно место од Скопје во Кичево на ископ на јаглен за сам да си замине од работа затоа што гласно рекол дека Заев е криминалец. Го дале на дисциплинска одговорност, само затоа што бил забележан во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ за изминативе избори“, наброја Мицкоски.
Посочи дека, покрај реваншизмот во државните институции, теророт на мафијата е насекаде каде што таа може да допре.
„Имаме отпуштања од работа кај поголеми приватни фирми блиски до власта. Да не зборувам за уцените што ги прават кон газдите на компаниите за тие благонадежно да одработуваат за истата таа власт. Сакам сите да знаат – овој терор и реваншизам се случуваат не затоа што е силна мафијата, туку затоа што се кукавици и затоа што се уплашени. Тие се уплашени затоа што луѓето гласно говорат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните на протестот.
Посочи дека секој што е жртва на ваква ситуација може да се обрати до ВМРО-ДПМНЕ, која како партија на народот, ќе му помогне и ќе го одбрани.
„Секој обесправен, сè до последниот, без разлика дали таа тортура е кон Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, Египќанец и другите да ми простат што не ги споменав наши сограѓани од друга етничка припадност, може да се обрати до нашата партија и ќе наиде на отворена врата“, посочи Мицкоски и им порача на присутните дека заеднички ќе ги победат тортурата и неправдата и ќе ги одбранат националните и државните интереси на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: 27 пожари во Македонија

Во текот на денешниот ден, низ Македонија, до 21 часот, имало 27 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, седум се уште се активни, три се под контрола, а 17 се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација и стрништа)
Општина Прилеп – с. Големо Коњари (ниска вегетација и стрништа)
Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
Општина Крива Паланка – с. Нерав, место Биљино (ниска вегетација и шума)
Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
Општина Сарај – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
ИЗГАСНАТИ (17):
Општина Чешиново-Облешево – с. Чешиново (ниска вегетација)
Општина Куманово – „Дива населба“ (ниска вегетација)
3-6. Општина Јегуновце – с. Прељубиште, с. Јанчиште, с. Копанце, с. Орашје (ниска вегетација)
Општина Куманово – с. Оризаре (ниска вегетација)
Општина Радовиш – с. Прналија (ниска вегетација и меѓи)
Општина Ново Село – с. Старо Коњарево (ѓубриште)
Општина Долнени – с. Секирци (ниска вегетација и трски)
Општина Кривогаштани – с. Обршани (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Теново – Св. Недела (ниска вегетација и зимзелени дрва)
13-14. Општина Струга – Струшко Поле (стрниште), с. Калишта (ниска вегетација)
15-16. Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација), ул. ЈНА (дрвја)
Општина Врапчиште – с. Сенокос кон с. Горјане (мешана шума)
Македонија
(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.
Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Во врска со останатите пожари, ДЗС информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство во Еразмус е во целосна координација со канцеларијата на ЕУ

СДС нека провери во своите редови пред да зборува следен пат, Лидија Димова беше разрешена од Агенцијата заради злоупотреба на финансиски средства, не постои институција во која СДС нема направено криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинувањата од СДСМ за новото раководство на „Еразмус“.
„Актуелното решение е во целосна координација со канцеларијата на Европската Унија. Истите забелешки, СДС нека ги сподели и со канцеларијата на ЕУ. Во меѓувреме, пред да излезат со прес-конференции и соопштенија, СДС прво да си го погледнат својот двор. Впрочем, нивниот „двор’’ е полн со луѓе кои обавувале јавни функции и скоро па да нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или сторен криминал. Таков случај беше и оној, кога Лидија Димова како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, ја злоупотребила службената положба и проневерила заедно со уште две лица, околу 20 милиони денари. Димова предизвикала шета на други средства во државата со кои управува Европската заедница во вкупен износ од околу 20 милиони денари, со коишто Димова направиле две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК.
Да потсетиме, тогашниот премиер Заев ја присили Димова да не ја поднесува пријавата за сторен криминал од 2,2 милиони евра, кој потоа Европската заедница си ги бараше назад. Овие пари завршиле кај исти луѓе и тендерите ги добиле исти две фирми поврзани со овие луѓе. Оваа мрежа имала своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот на премиерот, како близок пријател на еден од националните координатори во Владата.
Затоа, СДС нека си ги проверува своите редови и криминалите што ги има направено. Знаеме дека се многу и понекогаш можеби ги забораваат, но затоа тука сме ние да ги потсетиме и да го повикаме ЈО да си ја извршува работата“ пишува во реакцијата.