Контакт

Македонија

Мицкоски: Поднесовме предлог-измени на Законот за енергетиката по скратена постапка, со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Објавено пред

Изминативе денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија, која практично ќе биде регулирана од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија во неделите што следуваат, а која ќе биде апликативна, односно важечка од 1 јули заклучно со 31 декември 2024 година. Во јавноста проструи информација дека таа ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно ќе биде зголемена. Како идна влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата на претседателските и парламентарните избори, дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„И да не дозволиме истиот тој стандард, поради ситни интереси на поединци, да биде начнат, односно загрозен. Во таа смисла група пратеници од коалицијата ‘Твоја Македонија’, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска, прво, потпишан сум јас, доставивме до архивата на македонското Собрание предлог-закон за дополнување на Законот за енергетиката по скратена постапка. Каков е всушност овој предлог-закон за дополнување на Законот за енергетиката? Тоа е всушност предлог-закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството, односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен. А со овој предлог-закон нема да се дозволи она што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија. Цениме дека со овој предлог-закон за дополнување на Законот за енергетиката по скратена постапка, особено домаќинствата што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А исто така очекуваме и оние што влегуваат и во третата и четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително, односно да се движи помеѓу 1 и 2 %. Тоа е она што ние како идна влада можеме да го направиме“, додаде Мицкоски.

Како што посочува, нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата што добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач.

„Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин сето тоа да го доближам до вас за да може на македонската јавност, на граѓаните, да им биде појасно. Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената што за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената што за своите услуги ја наплаќа ‘ЕВН дистрибуција’, цената што за своите услуги ја наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија, која поранешно ЕСМ, сега ЕЛЕМ, ќе ја доставува до компанијата која е универзален снабдувач, официјално сѐ уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека Владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме, цената од 57 евра донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават-час, ќе видиме дали е тоа така. Но, бидејќи ние сме внимателни, рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок за потоа да имаме инфлаторна спирала, која ќе го начне стандардот на нашите граѓани. Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5 %.

Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти.

И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.

Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија. Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина.

А ќе сториме сѐ што е во наша моќ во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од 1 јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа  што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија. На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените, наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни бидат исклучиво важни граѓаните. Граѓаните направија тоа што требаше да направат, сега идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните“, рече Мицкоски.

Македонија

Сончево време со температура до 25 степени

Објавено пред

Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Не е за пиење водата во тетовските села Мерово, Луковица и Седларево, како и во прилепското село Ропотово

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, извести дека од Центарот за јавно здравје ЈЗУ – Тетово добиле информација дека испитаните примероци на вода за пиење од селата Мерово, Луковица и Седларево (Општина Желино) не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа.

dobivaj vesti na viber

„Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се употребува за пиење“, велат од ЦУК.

РЦУК Битола, информира дека од Центар за јавно здравје ЈЗУ – Прилеп е докажана здравствена микробиолошка неисправност на водата за пиење од регионалниот водовод (Општина Долнени) во с. Ропотово и во основното училиште на с. Ропотово.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се’ уште забранета водата за пиење во Струмица

Објавено пред

Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) по резулатите од анализираните мостри земени на 18 октомври годинава во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица.

dobivaj vesti na viber

Од АХВ информираа дека кај сите мостри претходно зголеменото ниво на манган е во рамки на дозволените вредности, но микробиолошки, четири од земените мостри не ги исполнуваат безбедносните критериуми поради детектирано зголемено присуство на колиформни бактерии во водата.

Целта на контролата беше увид во досегашните активности спроведени од страна на ЈКПД Комуналец од Струмица во однос на спроведувањето добра производствена и добра хигиенска пракса, како и други технички зафати во водоснабдителниот систем.

Во рамки на надзорот, земени се 6 мостри за анализа на водата од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец Струмица и тоа: една мостра од сирова вода која доаѓа од браната, сирова вода од чешма во фабриката, втора мостра на хлорирана/третирана вода за пиење од чешма во фабриката за вода, три мостри вода за пиење од мерните места одредени од ЈПКД Комуналец во нивниот мониторинг план за земање мостри вода за анализа и една мостра вода за пиење земена по случаен избор на инспекторот од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција

Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи....

Македонија14 часа

Мицкоски иницира проект за национална стратегија: „Ако сега не си помогнеме ќе бидеме зомби држава“

Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна. За Македонија да биде силна и напредна држава...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат криминалци и нарко босови

Опозициската СДСМ ги опиша како шокантни и скандалозни помилувањата на десет лица од страна на претседателката Сиљановска-Давкова. Партиската портпаролка, Богданка...

Топ17 часа

Застрелан маж во Арачиново – му рекле да излезе пред куќата, па му пукале во нога

Арачиновец бил повикан да излезе пред неговата куќа, а потоа бил застрелан. Четириесет и двегодишниот маж синоќа бил донесен на...

Македонија18 часа

Урсула фон дер Лајен ја почнува четиридневната посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја почна четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе се...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува десет осуденици, a решенијата се објавени во Службен весник“. Според тоа, извршувањето на изречената казна...

Македонија19 часа

Да си ја чуваме татковината, оти друга немаме, порача Сиљановска во честитка по повод денешниот празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани,...

Свет20 часа

Бајден: Нашата демократија е загрозена ако победи Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека републиканецот Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „политички“ затворен. „Мораме...

Топ2 дена

Битолчанец си го чистел таванот и нашол бомби

Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби. Се работи...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност...

Топ2 дена

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера, во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општата болница во градот недостига ехо-апарат. Се работи за апарат кој...

Македонија2 дена

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и...

Топ2 дена

Малолетници тешко повредени при судир на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со...

Македонија2 дена

Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето...

Македонија2 дена

„Очигледно и на бугарската политика не ѝ недостига демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека...

Македонија2 дена

ДУИ на средби со граѓаните: потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се...

Свет2 дена

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека, дефинитивно, не е сам, пишува Си-ен-ен

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит...

Свет2 дена

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во...

Свет2 дена

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија...