Македонија
Мицкоски: Почнуваме со рушење на власта, прв чекор е интерпелација за Димитров

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција зборуваше за неколкуте чекори што неговата партија ги планира со цел, како што рече, да ја сруши ненародната власт и посочи дека прв чекор е интерпелација за Никола Димитров.
„Заев и Димитров се тандемот што ветуваше европска иднина. Распродадоа сè што можеше да се распродаде овие четири години, а она малку што остана, сакаат да тргуваат со него и, всушност, гледаме дека нè доведоа до ќор-сокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори што ќе водат кон рушење на Владата, која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата што целата јавност ги поставува. Доста е за загубите, кои се колективни поради нивната неспособност“, рече Мицкоски.
Според лидерот на опозициската партија, Димитров е главниот виновник за, како што рече, дебаклот што ѝ се случува на Македонија на меѓународната сцена.
Мицкоски најави дека по интерпелацијата на Димитров, следуваат и други интерпелации, а како наредна ја посочи онаа за министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Наумовска: Во вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование

На сите учецини, студнетни, на сите наставници и професори им го честитам одбележувањето на 24 јануари – Меѓунардониот ден на образованието. Образованието е клучна алка за градење на иднината и напредокот на целото општество. Образованието е најсилно орудие за демографските промени и јакнење на идните капацитети на нашата држава, рече Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.
„ Како социјалдемократи коишто што ја предвдиме Владата во сите наши постапки и одлуки, се водевме од општиот, државен интерес и правата и интересите на учениците, на наставно-научниот кадар. Во овие вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование и го постигнавме тоа. Министерството за образование и наука, покажа капацитет, покажа подготвеност и денес учебната година се одвива непречено и според утврдената програма.
Во изминатите години комплетно го реформиравме средното стручно образование, кое сега овозможува директно поврзуваље со стопанството, а учениците учат практични вештини директно на работно место во работните организации. Како поддршка кон ова, за прв пат по многу годино средните стручни училишта ги опремивме со модерна опрема во училишните работилници за реализација на практична настава.
Пандемијата не беше пречка да се започне уште еден суштински важен процес – реформирање на основното образование. Новата концепција нуди интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини. Градиме инклузивно образование, достапно за секое дете, кое вистински ги подготвува младите за иднината.
Свесни за важноста на наставниот кадар, уште во првите месеци од првиот наш мандат ги зголемивме платите во образованието. Континуирано вложуваме и во објектите во изградба на нови и реконструкција на постоечките објекти на основните и средните училишта, како и изградба и реконструкција на спортски училишни сали. Буџетот на Министерството за образование и наука за оваа година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем.
Капиталните инвестиции се проектирани на една милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе во однос на минатата година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици.
Откако претходно, за три и пол пати го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток, оваа година со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50.000 млади лица“ порача Наумовска.
Македонија
Мицкоски: Власта системски го уништува образованието, 20 илјади ученици не следат настава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на меѓународниот ден за образование порача дека власта системски го уништува образованието и дека 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери.
„ Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:
– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;
– штрајк на матурантите;
– “реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;
– со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;
– со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;
– и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.
Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија. Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува. Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме“ истакна Мицкоски.
Македонија
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 604 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 604 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Скопје има вкупно 315 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во
Битола се хоспитализирани 28 пациенти, Во болницата во Штип е хоспитализиран 31 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 21 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 12, Кавадарци 18, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот