Контакт

Избори 2019

Мицкоски: По победата на претседателските, ќе ја видите најобемната програма за парламентарни избори

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на митинг пред граѓаните во Куманово.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ниту еден човек, без разлика дали бил од првата, втората или третата генерација во партијата.

„Подготвен сум за сите грешки од минатото, без разлика од која генерација, да ги прифатам на себе. Јас сум тој кој што сега го предводи ВМРО-ДПМНЕ. Јас прифаќам на себе сѐ, но подготвен сум истовремено да понудам и решенија за тие грешки, а сѐ што било добро да го проширам, надградам и иновирам и најобемната програма ќе ја видите на следните предвремени парламентарни избори“, најави Мицкоски.

Тој објасни дека по поразот на СДСМ на претседателските избори, ќе се формира влада за национално единство, за потоа, како што кажа, Заев да се охрабри и да распише предвремени парламентарни избори.

„Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се базира на три суштински вредности, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, економија и ширење на националниот дух и ширење на македонзимот“, нагласи лидерот на опозициската партија.

Говорејќи за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова тој потенцираше дека станува збор за најинспиративниот професор на универзитетот „Кирил и Методиј“.

„Тогаш кога требаше, јасни и прецизни беа нејзините ставови. Тогаш кога Македонија овие луѓе ја парчеа, раскрчмуваа, делеа и тргуваа со нејзината територија и во 2004 и ден денеска во 2019. Гордана Силјановска Давкова застана на браникот и се бореше со принципи и се бореше за татковината која што е наша заедничка и на Македонците, и на Албанците, и на Србите, и на Турците, и на Ромите, и на Власите, и на Бошњаците и на сите останати“, истакна Мицкоски и додаде дека токму затоа Гордана Силјановска Давкова ќе победи на 21 април, а и во вториот круг и посочи дека потоа ќе извојуваат победа и на предвремените парламентарни избори.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција

Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи....

Македонија14 часа

Мицкоски иницира проект за национална стратегија: „Ако сега не си помогнеме ќе бидеме зомби држава“

Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна. За Македонија да биде силна и напредна држава...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат криминалци и нарко босови

Опозициската СДСМ ги опиша како шокантни и скандалозни помилувањата на десет лица од страна на претседателката Сиљановска-Давкова. Партиската портпаролка, Богданка...

Топ17 часа

Застрелан маж во Арачиново – му рекле да излезе пред куќата, па му пукале во нога

Арачиновец бил повикан да излезе пред неговата куќа, а потоа бил застрелан. Четириесет и двегодишниот маж синоќа бил донесен на...

Македонија18 часа

Урсула фон дер Лајен ја почнува четиридневната посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја почна четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе се...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува десет осуденици, a решенијата се објавени во Службен весник“. Според тоа, извршувањето на изречената казна...

Македонија19 часа

Да си ја чуваме татковината, оти друга немаме, порача Сиљановска во честитка по повод денешниот празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани,...

Свет20 часа

Бајден: Нашата демократија е загрозена ако победи Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека републиканецот Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „политички“ затворен. „Мораме...

Топ2 дена

Битолчанец си го чистел таванот и нашол бомби

Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби. Се работи...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност...

Топ2 дена

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера, во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општата болница во градот недостига ехо-апарат. Се работи за апарат кој...

Македонија2 дена

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и...

Топ2 дена

Малолетници тешко повредени при судир на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со...

Македонија2 дена

Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето...

Македонија2 дена

„Очигледно и на бугарската политика не ѝ недостига демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека...

Македонија2 дена

ДУИ на средби со граѓаните: потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се...

Свет2 дена

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека, дефинитивно, не е сам, пишува Си-ен-ен

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит...

Свет2 дена

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во...

Свет2 дена

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија...