Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за оставка на Заев и за распуштање на Собранието
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре во Собранието ќе поднесе барање за оставка на Заев, формирање техничка влада и иницијатива за распуштање на парламентот и организирање предвремни парламентарни избори на ист трошок со претседателските. Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седниците на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
,,Велеа сме барале избори, а сме молеле Бога да не добиеме. Нека видат сега граѓаните кој е ,,за”, а кој моли Бога да не ги добие”, рече Мицкоски.
Тој го повтори ставот дека државата не била волку поделена досега, дека Македонија е во најтешка ситуација по осамостојувањето. Во случај да не биде прифатено барањето за избори, Мицкоски немаше прецизен одговор што ќе преземе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„ Наше е да предложиме избори, па нека судат граѓаните. Одиме чекор по чекор, Внимателно ја анализираме ситуацијата. Ситуацијата со Македонија е алармантна, а не да ја одложуваат одлуката и да лажат дека подготвуваме црни сценарија“, рече Мицкоски.
Додаде дека времетраењето на техничката влада од сто дена е јасно и усогласено во закон, и тој не сака да прави компромис за ова прашање зашто во спротивно би биле исти како СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

