Контакт

Македонија

Мицкоски: СДСМ ако смета дека народот е со нив, не треба да се плашат и нека излезат на референдум

Објавено пред

СДСМ ако смета дека е со нив народот не треба да се плашат и нека излезат на референдум и само на тој начин ќе се знае дали тие се во право или ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан на Демократски сили на Ромите, одговорајќи на новинарско прашање, при што истакна дека против референдум се само СДСМ и нивните инсталации во опозицијата додека целиот народ бара референдум.

dobivaj vesti na viber

„Што се однесува до дебатата во јавноста има една чудна состојба, а тоа е дека противници на референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозиција. Тоа е една чудна ситуација која ги обединува тие инсталации на власта во опозиција и помеѓу македонскиот народ и самата власт. А сите останати, огромно мнозинство граѓани без разлика на етничка припадност се за тоа да имаме референдум, истакна Мицкоски.

Посочи дека за референдумот добил поддршка од ИК и ЦК на партијата и во следниот период следат консултациите со експертите и јавноста за тоа каков ќе биде референдумот и кога би се одржал.

„Со таков став излегов пред Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата за што добив и недвосмислена поддршка. Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, задолжителна, консултативна, кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците, дали 150.000 граѓани, дали ќе биде референдум претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот од преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор о Бугарија и изворот на проблемите, тоа е протоколот“, изјави Мицкоски.

Потенцираше дека референдумот треба да го заштити македонскиот идентитет и дека оваа влада која нема никаков кредибилитет нема право да преговара и нема право да потпишува договори.

Македонија

Државниот врв утре ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Објавено пред

Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија на 26.02.2023 година (понеделник) ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

dobivaj vesti na viber

На овогодинешното одбележување во Бутел, Скопје, со почеток во 12:00 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Потоа делегација на Армијата на Република Северна Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата, во 10:00 часот ќе положат свежо цвеќе претставници од владината делегација составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на Претседателот на Република Северна Македонија.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.

Во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Северна Македонија, предводена од Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, заедно со Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Линк) МВР денес стави во функција онлајн проверка на готови пасоши

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше најавено, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите “Пролет“ и “МТВ“  да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен.Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

dobivaj vesti na viber

Проверката може да се направи на следниот линк:https://termin.mvr.gov.mk/document_status

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето утре променливо облачно и топло

Објавено пред

Променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени, информираат од УХМР.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 17 степени.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Државниот врв утре ќе ја одбележи 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија на 26.02.2023 година (понеделник) ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во...

Македонија4 часа

(Линк) МВР денес стави во функција онлајн проверка на готови пасоши

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше...

Македонија4 часа

Времето утре променливо облачно и топло

Променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Македонија7 часа

НСЗР ќе штрајкува ако платите не се усогласат со минималецот додека здравствените работници работат за тројца

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички...

Македонија8 часа

ДИК: Заклучно со вчера потпишани 14.360 граѓани, најмногу потписи за Османи, Димитриевски и Ванковска

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите...

Свет9 часа

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи

Шумските пожари кои беснеат во австралиската држава Викторија веќе неколку дена ги проголтаат домовите, соопштија властите, предупредувајќи дека прогнозата за...

Свет10 часа

Посредниците напредуваат кон договор за прекин на огнот во Газа, пишува израелскиот печат

Посредниците постигнуваат напредок во напорите за постигнување договор за еднонеделен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на...

Македонија10 часа

Вељановски: Сите документи со валиден датум се важечки за гласање, ДИК така одлучи и во 1998 година

Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање. Согласно...

Свет11 часа

САД и Велика Британија го ракетираа главниот град на Јемен откако Хутите нападнаа американски танкер

Јеменските бунтовници Хути го нападнаа американскиот танкер „МВ Торм Тор“ во Аденскиот залив, соопшти денеска портпаролот на оваа милитантна група...

Македонија13 часа

Утре без струја делови од Карпош и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре на ден 26.02.2024 година без електрична енергија ќе останат: – во периодот од...

Свет13 часа

Парламентарни и локални избори во Белорусија – опозицијата повика на бојкот

Во Белорусија денеска се отворени избирачките места за парламентарни и локални избори на кои граѓаните избираат 110 пратеници во Народното...

Свет13 часа

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди во неделата пограничната област на Киргистан и кинеската област...

Свет14 часа

Нетанјаху сака брзо одобрение од владата за нападот во Рафа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака брзо одобрување од владата за плановите за контроверзна воена офанзива врз јужниот крајбрежен град Рафа...

Македонија14 часа

Времето денеска дождливо, но потопло

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат...

Свет1 ден

Шведска има проблем со криминал и престрелки, дури 62.000 луѓе се поврзани со банди

Шведската полиција вчера соопшти дека во таа земја има околу 62.000 луѓе кои се поврзани со криминални мрежи, пишува Ројтерс....

Македонија1 ден

Над 1000 потписи имаат Османи, Ванковска и Димитриевски, ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи

Државната изборна комисија на својата веб страна, од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од...

Македонија1 ден

(Видео) Џафери направи увид на патот Кичево-Дебар: Наместо за одбранбени работи ќе се користи за слободно движење на граѓаните

Патот Кичево – Дебар би требало да биде завршен до крајот на годинава, најави денес техничкиот премиер Талат Џафери, откако...

Свет1 ден

Експлозии во Русија: Погодена челичарницата на еден од најбогатите Руси

Експлозии погодија руска фабрика за челик по наводен напад со дрон. Во последните месеци има зголемување на нападите со беспилотни...

Свет1 ден

(Видео) Пожар избувна во огромна зграда во Кина, има 15 загинати, а сомнежот е дека се запалил електричен велосипед

Петнаесет луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во пожар што зафати станбена зграда во источна Кина, соопштија локалните...

Свет1 ден

(Видео) Сопругата на Навални: Путин го измачува телото на Алексеј

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за...