Контакт

Македонија

Мицкоски – Хофрајтер: Нема да дозволиме асимилација на македонскиот народ и негирање на јазикот и идентитетот

Објавено пред

„Денес, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол, Марија Митева, и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски, остварив средба со членот на германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за Европа, Антон Хофрајтер“, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

На средбата, како што информира, се заблагодарил за искрената поддршка на Германија кон евроинтеграцијата на Македонија и истакнал дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи асимилација на македонскиот народ и негирање на македонскиот јазик и идентитет.

„Референдумот е најдемократски начин на изразување на мислењето на граѓаните. Оттука, граѓаните имаат право да кажат дали се согласни со договорот со Бугарија, кој на македонските граѓани им донесе обиди за негирање, асимилација и понижување“, рекол Мицкоски.

Македонија

Обвинителство: Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, парите завршиле во приватни фирми

Објавено пред

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службена положба и овластување, односно дека во повеќе наврати, без јавна набавка избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, кои завршиле во приватни фирми.

dobivaj vesti na viber

„Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги“, посочуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Освен Зеќири, обвинети се и хрватските државјани, дел од фирмата која обавувала консултантски услуги без да бидат избрани на тендер.

„Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, велат од Обвинителството.

Вториот Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант).

„Договорот бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ. На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, додаваат оттаму.

Сметајќи дека се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Ветеното кон пензионерите целосно исполнето, отворени сите три пензионерски клубови

Објавено пред

Општина Центар за помалку од една година отвори три пензионерски клуба со што го исполни ветувањето и барањето на пензионерите во предизборниот период. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска го отвори пензионерскиот клуб кој го носи името на најмладиот партизан Миле Арсовски кој со своите 16 години жестоко се борел за ослободување на Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Денеска за помалку од една година од мандатот успеавме да го исполниме барањето на пензионерите во предизборниот период кое се однесуваше на отворање на три пензионерски клуба на локации кои самите ни ги посочија. Навистина ми е чест и задоволство да соопштам дека овој пензионерски клуб го носи името Миле Арсовски, име на најмладиот народен херој кој живеел близу оваа локација. Благодарение на храброста на нашите борци денес живееме во слобода и од нашите највозрасни граѓани слушаме за неизмерната љубов и пожртвуваност на партизаните кон татковината“, изјави Герасимовски.

Со отворањето на овој пензионерски клуб општината брои вкупно 8 клубови за пензионерите што ја покажува нашата грижа и помош за оваа категорија на граѓани.

Општина Центар минатата недела го отвори пензионерскиот клуб во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ каде највозрасните граѓани од Крњево и Кале ќе може да се сретнуваат и дружат.

Општина Центар исто така за пензионерите го спроведува и проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ со што обезбедува домашна нега од лиценцирани негуватели, физиотерапевти и психолози на 90 корисници со полни 62 години. Во соработка со „Банка за храна“ Општина Центар секој месец доделува пакети со храна и хигиенски производи за пензионерите со ниски примања.

Општината Центар ќе продолжи да работи силно и посветено за највозрасните граѓани во општината да имаат безгрижни пензионерски денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лефков: Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило и соларен картел тежок 26 милиони евра

Објавено пред

„Аферата Броило на Ковачевски зазема димензии од десетици милиони евра кога дезертерот Ковачевски доаѓа на позицијата премиер. Денес објавуваме нови сознанија која е основата на соларниот картел создаден преку исклучителна трговија со влијание злоупотребувајќи државни позиции и функции“ рече на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

Лефков вели дека „сомневањата се дека Ковачевски и кумот формирале приватна фирма за производство на фотоволтаици за да продаваат на државната ФЕЦ Осломеј. Односно, Кумот и Ковачевски формираат компанија, а државата обезбедува милионски бизнис“.

„8 месеци по седнувањето на Ковачевски на премиерското столче, на 24.08.2022 година, од него основаната Пиксел груп основа фирма за изградба на фабрика за фотоволтаични панели во ТИРЗ Тетово заедно со бугарската фирма АЕ Солар Хорајзон од Софија, под името АЕ Солар АД Тетово. АЕ Солар АД Тетово, според написите во медиумите е инвестиција во висина од 54 милиони евра. Во неа уделот на фирмата основана од Ковачевски е 40%, делот кој таа според ова ќе го инвестира во фабриката е 21.6 милиони евра“ рече Лефков.

Тој посочи дека „за извршен член на одборот на директори е именуван кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, а за неизвршен член на одборот на директори, Мирјана Паунова, негова сопруга, кума на Ковачевски“.

„Ковачевски е жив фатен во центарот на аферата Броило и соларен картел тежок 26 милиони евра. Тој нема повеќе легитимитет да ја извршува премиерската функција и треба веднаш да си поднесе оставка“ потенцира Лефков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Обвинителство: Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службена положба...

Економија1 час

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет1 час

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет2 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет4 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор...

Свет4 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет4 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет5 часа

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион17 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа19 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет19 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија22 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион22 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија23 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија23 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија24 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија24 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 ден

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет1 ден

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија1 ден

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...