Македонија
Мицкоски: Taквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи зaшто толку им е знаењето
Доста е од Зоран Заев во политиката и сѐ што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика што ја сведува во броење кеш и квадрати, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг пред граѓаните во општина Петровец.
Мицкоски му одговори на Заев дека таквите како него на факултет ги нарекувале повторувачи, односно, како што рече, затоа што толку им е знаењето, додавајќи дека Заев е нервозен и му гори под нозете затоа што никој веќе не верува во неговите глупости.
„Вчера, го слушам, ми дава на митинг некакви оценки, се расфрла со напишани фрази, прави потези со лакти, всушност го заборави да го каже она ‘мало сутра’, ама изгледа не му го напишале, па го пропушти, ги омаловажува противниците бидејќи нема што друго да каже. Но, еве само накусо да одговорам, како професор таквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи, кои нјачесто ги повторуваа или, како што ние популарно тоа го нарекувавме, ги квадрираа годините зашто толку им беше знаењето, а како политичар морам да признам нема поголем комплимент од тоа Заев да ти каже дека си за единица бидејќи доаѓа од човек што е во тесна битка со самиот себе во кажување гафови, кој досега ни соопшти дека рибата смрди од опашката, кој им се обраќа на сончевите колектори како да му се публика, кој работи за џинџер-баланс и мисли дека е сидро што влече напред. Е, за таков човек станува збор. Но го разбирам, но не можам да го оправдам. Нервозен е и му гори под нозете зашто веќе никој не му верува во глупостите што ги кажува и прави“, потенцира Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

