Македонија
Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Од домот на Водно, каде што издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе. Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.
Мијалков молчешкум помина покрај новинарите, без да одговори дали очекува осудителна пресуда. Когa влезе во холот на судот, се поздрави со судската полиција, а во холот каде што стоеја бројни новинари и јавност која ќе го следи судењето настана молк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема бидат примени во државна, да можат да отидат во приватна болница

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова реагира на како што вели неспособноста на Филипче и Заев која резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати од Ковид-19.
„Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид- 19 во приватните болници“, истакна Панова.
Дополнително, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство.
„Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна“, рече Панова.
Таа објасни дека со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ВМРО-ДПМНЕ ќе предвиди граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.
„Македонија мора да биде земја која се грижи за своите граѓани“, рече Панова.
Македонија
Угледни архитекти со поддршка за проектот „Гранд“ Скопје

По вчерашната јавна презентација на проектот „Гранд“ Скопје предвиден на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“, со свои реакции до медиумите и поддршка на проектот се јавија архитектите Драгољуб Доновски и Веселинка Герасимова-Петровска и шумарскиот инженер Ѓорѓи Самарџиев.
Архитект Драгољуб Доновски, кој има голема референтна листа на проектирани и изведени објекти од станбената и деловно-комерцијалната архитектура, вели дека конечно на повидок е еден нов лик на централниот градски простор во Скопје.
Неговата изјава ви ја претставуваме во целост: „Нова престижна модерна архитектура од форматот на Заха Хадид (Радиус). Браво. Доста беше. 60 години го гледаме просторот со времен паркинг простор. Никој ништо не презема да се оплемени. И конечно се појавија инвеститори. Кои и да се. Браво за нив и среќа за сите нас (мислам на нас, оние нечипирани и непартиски војничиња). Иако предметната локација нудела многу повеќе м2 за градба, „сенсот“ на Инвеститорот да направи нешто убаво, а не некаков „Дебар Маалски“ злочин, е за поздравување. Избалансирани површини за градба, зеленило, подземни паркирања во изобилие и што сè не. Вклопени идеално во блиската околина (Македонска Радио Телевизија е 22 ката + антени). Браво за решителноста на Инвеститорот за ваквиот чекор. Конечно нов акцент во просторот. Ако „Воинот на коњ“ беше комплетно промашување, еве го правиот нов препознатлив акцент на идно Скопје, нов имиџ, нов downtown. Поздрави и многу успех во реализацијата на проектот. Сè тече, сè се менува, само некои сакаат Скопје да чмае. Доста е!“
Во врска со предвиденото хортикултурно уредување, кое инвеститорот најави дека ќе опфаќа партерно зеленило, високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини, но и за прв пат вистински зелени вертикални градини, и тоа на вкупна површина од 6.520 м2 во која не се вкалкулирани вертикалните градини, се јави и шумарскиот инженер и пејсажен дизајнер Ѓорѓи Самарџиев.
„Доколку идниот урбан проект „Гранд“ биде изграден согласно презентираните визуелизации, од аспект на хортикултурата ќе претставува своевиден урбан бренд, современо моќно здание со интегрирано зеленило. Драгоцено парче во зелениот мозаик на градот“, вели тој.
И архитект Веселинка Герасимова-Петровска го изрази својот став во врска со јавниот повик „Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин“. Таа вели дека концептот е токму тоа, односно „осмислен“,а нејзиното обраќање го пренесуваме во целост:
„Во врска со најновите случувања и јавниот повик „Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин“, би сакала да го изнесам мојот став во контекст на идеен проект и визуелизацијата презентирана од страна на Инвеститорот на предметната локација. Имено, како архитект со 26-годишно искуство, учесник во изработка на проектна документација во тим и самостојно, мислам дека понуденото решение од страна на проектантот е токму „Осмислување на просторот кај Холидеј Ин“, и истиот како концепт апсолутно е соодветен за локацијата во строгиот центар на градот. Доблеста на проектантот да создаде простор за препознавање, притоа водејќи сметка да не се искористат максималните параметри од донесениот ДУП за градската четврт Ц08 Ново Маало, и притоа да создаде еколошки центар во строгиот центар на градот, е за поздравување и истиот го поддржувам“.
Инаку вчера, на онлајн прес-конференција, инвеститорот МГ ФЕШН го презентираше проектот „Гранд“ Скопје, комплексот предвиден да се гради на парцелата 1.1 спроти хотелот Холидеј Ин. Како што истакнаа од МГ ФЕШН, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за отпочнувањето на градба на комплексот, како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази кои циркулираа, а воопшто не кореспондираа со неговата вистинска слика и вредност.
(ПР текст)
Македонија
Муцунски: Сите наши амандмани се одбиени за петтиот пакет мерки

Нашите граѓани секојдневно губат работни места, голем број дејности се соочуваат со неверојатни тешкотии, се повеќе компании се на границите на нивна ликвидност, а стотици семејства и поединци не успеваат да обезбедат минимум финансиски средства за свој опстанок, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМН, Тимчо Муцунски.
„ И дури се ова е дел од нашата реалност, наместо реализација на итна државна помош сведоци сме на театарска претстава исполнета со секојдневни политички игри без граници. Напоменувам дека Петтиот пакет економска помош од Владата до Собранието е доставен на 16 февруари. Без оглед на високиот степен на значење собраниското мнозинство само од ним познати причини чекаше месец и половина да ги стави законите од тој пакет на дневен ред, а собраниската процедурата започна дури на 24 март.
Два месеци од денот кога законите се доставени до закокодавниот дом, Собраниската Комисија за финансии и буџет предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првиот возможен момент ги создаде неопходните услови успешно да започне и да заврши комисиската расправа, но мнозинството повторно не закажува пленарна седница“ истакна Муцунски.
Тој додаде дека овој пакет економски мерки е недоволен и дека е изготвен без соодветна и доволна консултација со видни експерти и повеќето од засегнатите страни. Рече дека во текот на комисиската расправа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предлагале да се предвиди директна поддршка за компаниите и граѓаните, не само за месеци февруари и март, туку и за април и мај.
„ Истовремено поднесовме уште неколку конкретни амандмани, меѓу кои побаравме и помошта која се дава на компаниите да биде неповратна. Морам да нагласам дека сите амандмани предложени од опозицијата беа одбиени. Уште еднаш го Повикуваме парламентарното мнозинство на разумно, државничко, одговорно и ефикасно дејствување.
Во наведената насока, апелираме уште денес да се закаже собраниската седница на која конечно петтиот сет пакет мерки ќе станат реалност. Со таквиот чекор не само што ќе ја исполниме нашата пратеничка обврска за рационално и ефикасно дејствување, туку истовремено ќе докажеме дека на најсоодветен начин работиме во најнепосреден интерес на граѓаните кои безрезервно ни ја дале нивната доверба да ги претставуваме во овој дом“ порача Муцунски.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш