Македонија
МНР: Безбедносните органи да донесат одлука за ограничување на пристапот на Џамбаски
Министерството за надворешни работи реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија.
„Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент“, велат од МНР.
Се додава дека заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, па оттука се очекува тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, се наведува во соопшението на македонското МНР.
Бугарскиот европратеник Џамбаски претходно денес потврди дека на 4 февруари ќе дојде во Скопје за да му се поклони на Гоце Делчев. Тој индиректно му се закани со атентат на претседателот Стево Пендаровски, кога на повиците да му се забрани влез во државата, одговори со споменување на некогашниот југословенски крал Александар Караѓорѓевиќ.
„Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, рече Џамбаски.
Премиерот Ковачевски, пак денес изјави дека се што е во надлежност на Владата ќе биде направено со цел да се гарантира мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„Тие активности (прогласување за персона нон грата) се на МВР и се спроведуваат врз основа на Законот за странците и одредбите што регулираат кое лице не може да влезе во државата, а поради активности што ги нарушуваат односите меѓу државите. Без разлика ако е политичар или друго лице, ако МВР го идентификува таквото лице, тоа не може да влезе во државата. Достоинството на нашата држава е врвен приоритет“, рече Ковачевски.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прашан дали ќе го вратат европратеникот Ангел Џамбаски на граница на 4-ти февруари одговори: Ќе одлучиме на четврти февруари.
Претседателот Стево Пендаровски, пред два дена, по седницата на Советот на безбедност, предложи на институциите односно Владата и МНР, да го прогласат бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски за персона „нон-грата“, а тоа би значело да му се забрани влез во Македонија. Освен за него, забрана, шефот на државата предложи и за други бугарски државјани, а поради понижување и негирање на македонскиот народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

