Македонија
МНР: Во експлозијата во Бејрут засега нема повредени македонски државјани
Во врска со вчерашната експлозија во Бејрут, која однесе повеќе од 100 животи и разори делови од градот, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент не се пристигнати информации за евентуално засегнати граѓани на Република Северна Македонија.
„МНР преку дипломатски канали ги презема сите неопходни мерки и активности за добивање соодветни информации поврзани со нашите државјани, кои би можеле да бидат засегнати од вчерашната несреќа во Либан“, соопштија од МНР.
До овој момент ниту еден граѓанин на Северна Македонија, кој би можел да се наоѓа во Либан, не се обратил до Министерството за надворешни работи за соодветна помош.
За оние што се наоѓаат таму, а во случај на потреба од информација или помош, веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на другите глобал СОС-телефони во следните дипломатски претставништва на Република Северна Македонија: Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Доха +974 665 979 44, Каиро +201002898673, Абу Даби +971 564 417 552. Овие броеви се достапни и на апликациите „Вибер“ и „Вацап“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

