Македонија
Момо Николовски тешко болен, семејството собира средства за лекување во странство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/момо.jpg)
Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски, се соочува со премреже во животот. Семејството на социјалните мрежи апелира за помош и собирање средства за лекување на Николовски во странство. Тој боледува од абдоминален канцер и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул.
По емотивното писмо на неговата сопруга Валбурга Батев-Николоска, на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош на Николовски.
„Момо не го знам, освен преку песните и телевизијата, но ја знам неговата сопруга Валбурга, која во многу тешки моменти била тука за мене и со таква прекрасна жена покрај себе не се сомневам дека и тој е прекрасен човек. А на тој прекрасен човек му требаат вашата и мојата помош за да си го спаси животот, затоа да му помогнеме кој колку може“, апелираат граѓаните на социјалните мрежи. Тие ја споделуваат сметката на која може да се донираат средства.
Сопругата на Николоски, Валбурга, на „Фејсбук“ објави со какви тешки моменти се соочува нивното семејство.
„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безбројпати им помагаше на луѓе што беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме вие што знаете колку го љубам, но и вие другите што сакате некого и што некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.