Македонија
МОН: Со новиот пакет антикризни мерки поддршка од 16,3 милиони евра за учениците и студентите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/ucenici-studenti.jpg)
Над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надоместок до крајот на тековната учебна, односно академска година како поддршка за нив и нивните семејства, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза. Ова е предвидено во новиот деветти по ред пакет антикризни мерки на Владата, насочен кон младите, ранливите категории граѓани и приватниот сектор, соопшти МОН.
Речиси 105 илјади ученици од основните и средните училишта, кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1.200, односно 1.800 денари.
А над 15 илјади студенти, кои студираат надвор од своето место на живеење, во следните 7 месеци, додека трае академската година, ќе добиваат ваучери за превоз, односно надомест во износ од 600 до 1.200 денари во зависност од пресметаните трошоци за превозот.
За начинот на кој учениците и студентите ќе може да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки, Владата и Министерството за образование и наука ќе објават подетаљни информации во следните неколку дена.
Според МОН, деветтиот пакет со 26 антикризни мерки за поддршка на граѓаните е во вкупна вредност од 662 милиона евра и беше презентиран вчера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.