Македонија
„Мораме да ги заштитиме здравствените работници, тие се столб во борбата против коронавирусот“
Заштита на докторите, медицинските сестри, како и другиот персонал во болниците е следната цел на Министерството за здравство.
Министерот Венко Филипче посочи дека здравјето на медицинскиот кадар е клучно за справување со состојбата со коронавирусот. Тој не посочи на кој начин ќе се направи тоа.
„Сакаме да ги заштитиме и здравствените работници, за жал, во другите земји има знаци и примери во кои и тие заболуваат. Клучно е и тие да се здрави бидејќи се столбот на овој здравствен систем, тие се главните даватели на здравствениот систем. Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен систем бидејќи исксутвата од другите земји покажуваат дека заразата се шири кога здравствениот систем е оптоварен. Сметам дека сите овие мерки што ги воведовме ќе доведат до тоа да немаме нагло зголемување на бројот на заболени и тоа е главна работа, а значи дека здравствениот систем треба да го апсорбира овој удар, за што сме спремни, со капацитети и опрема, кадар кој е спремен да ротира по потреба, сите 200 анестезиолози, 400 медицински сестри, дополнително на овој кадар што го имаме, спремни се да се вклучат во лекувањето на овие пациенти“, рече Филипче.
Во однос на заштитната опрема, министерот уверува дека тоа не ги загрижува бидејќи производителите на средства за дезинфекција не размислуваат за извоз на производите.
„Маските не се нешто што нè загрижува, навистина имаме повеќе од 20 илјади на распоалгање и дозвола и од Бирото за јавни набавки, како и од антикорупциската комисија, во согласност со итноста на ситуацијата, не само Министерството, туку секоја институција да набавува за себе. Зборувавме со наши производители од произвоизводството на дезинфициенси, кои нè уверија дека за државните институции тоа ќе биде обезбедено. Не размислуваат на извоз. Тоа не е нешто што во овој момент може да биде проблем“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

