Контакт

Македонија

„Мораме да ги заштитиме здравствените работници, тие се столб во борбата против коронавирусот“

Објавено пред

Заштита на докторите, медицинските сестри, како и другиот персонал во болниците е следната цел на Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче посочи дека здравјето на медицинскиот кадар е клучно за справување со состојбата со коронавирусот. Тој не посочи на кој начин ќе се направи тоа.

„Сакаме да ги заштитиме и здравствените работници, за жал, во другите земји има знаци и примери во кои и тие заболуваат. Клучно е и тие да се здрави бидејќи се столбот на овој здравствен систем, тие се главните даватели на здравствениот систем. Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен систем бидејќи исксутвата од другите земји покажуваат дека заразата се шири кога здравствениот систем е оптоварен. Сметам дека сите овие мерки што ги воведовме ќе доведат до тоа да немаме нагло зголемување на бројот на заболени и тоа е главна работа, а значи дека здравствениот систем треба да го апсорбира овој удар, за што сме спремни, со капацитети и опрема, кадар кој е спремен да ротира по потреба, сите 200 анестезиолози, 400 медицински сестри, дополнително на овој кадар што го имаме, спремни се да се вклучат во лекувањето на овие пациенти“, рече Филипче.

Во однос на заштитната опрема, министерот уверува дека тоа не ги загрижува бидејќи производителите на средства за дезинфекција не размислуваат за извоз на производите.

„Маските не се нешто што нè загрижува, навистина имаме повеќе од 20 илјади на распоалгање и дозвола и од Бирото за јавни набавки, како и од антикорупциската комисија, во согласност со итноста на ситуацијата, не само Министерството, туку секоја институција да набавува за себе. Зборувавме со наши производители од произвоизводството на дезинфициенси, кои нè уверија дека за државните институции тоа ќе биде обезбедено. Не размислуваат на извоз. Тоа не е нешто што во овој момент може да биде проблем“, рече Филипче.

 

 

 

 

 

 

Македонија

Царовска на средба со основниците кои освоија медали на Балканската олимпијада по математика: Вие сте наша гордост

Објавено пред

Младите математичари се наша гордост. Медалите се заслужена награда за нивното посветено учење и желбата секој ден да откриваат се повеќе од чудесниот свет на математиката. Тоа ве вброи меѓу најдобрите на Балканот, сите се радуваме со вашиот успех, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на средбата со учениците кои освоија златен, сребрен и два бронзени медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада.

„Државите кои имаат вакви умови треба да се горди, но истовремено и да вложуваат во нивниот развој, затоа што младите научници се тие што државата ја движат напред. Ги охрабруваме сите ученици да вложуваат во себе и во своето знаење, затоа што времиња како ова сега, ја покажуваат важноста на науката. Како Министерство за образование и наука ќе направиме се да им помогнеме на младите во остварувањето на нивните цели“, им рече Царовска.

Младите натпреварувачи од нашата земја учествуваа на олимпијадата за ученици до 15,5 години, каде виртуелен домаќин беше Грција, односно Грчкото математичко друштво.

Нашата екипа беше избрана преку систем на натпревари, кои секоја година ги реализира Сојузот на математичари на Македонија.

Во македонската екипа беа Дамјан Давков ученик од VII одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип, Никола Спировски ученик од IX одделение при ОУ „Ј. Х. Песталоци“-Скопје, Марија Атанасова ученичка од IX одделение при ООУ „11 Октомври“-Скопје, Матеј Гелев ученик од IX одделение при ООУ „Блаже Конески“-Велес, Никола Цветаноски ученик од IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“-Скопје и Емилија Николовска ученичка од IX одделение при ООУ „Григор Прличев“-Охрид. Водач беше Делчо Лешковски, а заменик водач Борче Јошевски.

Освојувачи на медалите во конкуренција на ученици од 10 балкански држави и 8 други држави-гости, се: Никола Спировски-златен медал, Дамјан Давков-сребрен медал, Никола Цветаноски-бронзен медал и Марија Атанасова-бронзен медал.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски попладнево ќе се обрати на 75. Генерално sобрание на ОН

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видеопорака ќе се обрати на Генералната дебата во рамки на 75. Генерално sобрание на Обединетите nации.

Поради пандемијата од Ковид-19, годинава Генералното sобрание се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите nации во Њујорк.

Видеопораката ќе биде емитувана во салата на Генералното sобрание на ОН, каде што ќе бидат присутни претставници на секоја од земјите членки.

Предвидено е обраќањето на претседателот Пендаровски да биде емитувано на сесијата што започнува во 15:00 часот по средноевропско време.

Темата на 75. сесија на Генералното sобрание на ОН е „Иднината што ја сакаме, Обединетите nации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот – соочување со Ковид-19 преку ефективна мултилатерална акција“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Богојески: Власта директно ја води државата кон судири по етнички основ

Објавено пред

Власта директно ја води државата кон судири по етнички основ, обвини Петар Богојески од Македонски концепт.

„Ако утрото по денот се познава, тогаш сме сигурни дека оваа Влада е на погрешен антиевропски пат. Од една страна е противуставна и не го почитува амандманот 6 од Уставот на Република Македонија, не се грижи за правична застапеност на граѓаните, а од друга страна наметнува услови за работа на приватниот сектор, односно наметнува етнички клуч врз приватниот сектор со субвенционирање на етнички вработувања или сега по ново и наметнување на двојазичност. Ова е класично насилство, суспендирање на светоста на приватната сопственост. Ова е апартхејд во 21 век“, вели тој.

Ова насилство од власта, додава Богојески, директно ја води државата кон судири по етнички основ.

„Ова не е едно општество за сите, ова е општество против сите. Приватните компании се оневозможени да работат по сопствено видување и убедување. Редно време е стопанските комори во земјава да го организираат отпорот на менаџерите и стопанствениците, особено на малите и средни претпријатија“, вели Богојески.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа36 минути

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет1 час

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија1 час

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија2 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија15 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија16 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија16 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет17 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија21 час

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија23 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија23 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет24 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија1 ден

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Досие