Македонија
МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности
Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ.
Според податоците добиени од ПВТ-програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот: ИЕ 1 – до 11 часот 17,62 отсто , до 12 часот 22,82 отсто, до 13 часот 27,58 отсто, до 14 часот 32,02 отсто. Во ИЕ 2 – до 11 часот 15,09, до 12 часот 19,79, до 13 часот 24,00, и до до 14 часот 27,79 отсто.
Одзивот во ИЕ 3 – до 11 часот 19,41, до 12 часот 24,78, до 13 часот 29,41, и до 14 часот 33,74 отсто.
Во останатите изборни единици одзивот е следен: ИЕ 4 – до 11 часот 18,74, до 12 часот 24,24, до 13 часот 29,16, до 14 часот 33,73 отсто, ИЕ 5 – до 11 часот 15,81, до 12 часот 20,49, до 13 часот 24,98, до 14 часот 29,11 и во ИЕ 6 – до 11 часот 8,97, до 12 часот 12,72, до 13 часот 16,62, до 14 часот 20,72 отсто.
Следната прес-конференција ќе се одржи во 19 часот.
Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2020“ е поддржан од: Британска амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска облачно со дожд и снег
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а максималните од 3 до 12 степени.
Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и на пониските места.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Македонија
Градот Скопје организира вонредно чистење на Шуто Оризари: „Курто Дудуш си направил приватна депонија“
Градот Скопје од вечерва организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари.
Oд тука појаснуваат дека акцијата е со цел спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината, а Градот за состојбата го обвинува градоначалникот Курто Дудуш.
„Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш. Имено, Дудуш си поставил свои приватни контејнери на општинските улици, а на граѓаните им наплаќа за чистење на отпад на парагон блокче за што се располага со соодветни докази. Потоа, иако знаел дека е незаконски, отпадот го складирал на свој имот односно приватна парцела во негова лична сопственост со која си склучил договор и ја дал под закуп на општината. Отпадот кој го собирал спротивно на закон и си наплаќал за истото, потоа наместо да го одложи во единствената акредитирана депонија “Дрисла” тој со истиот си направил приватна депонија. За ова веќе се утврдени соодветни противзаконски дела, составени се записници и поднесена е пријава“, велат од Град Скопје.
До надлежните органи апелираат итно да ги преземат сите соодветни мерки за санкционирање на Курто Дудуш, а градот Скопје стои на располагање за дополнителни појаснувања и достава на сите докази со кои располага за утврдениор екоцид во режија на Дудуш.
Македонија
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити
Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Интерпелацијата беше поднесена од Европскиот фронт поради, како што беше посочено, неговата неспособност да управува со ситуации кои придонеле за влошување на меѓуетничките односи.
Меџити, пак, рече интерпелацијата не поврзана со албанскиот јазик или балансерот, туку со желбата на ДУИ да се врати на власт, и и’ порача дека треба да се реформира.
Интерпелации се поднесени и за вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.